Мицкоски: Овој голем христијански празник нека донесе пред се здравје и мир, здрав и мирен човек може да направи сѐ

January 19, 2023
1 min read

Сакам да го честитам овој голем православен христијански празник Богојавление – Водици на сите православни христијани. И да им посакам како што е редот здравје, среќа нели, успех, мир, она што на сите нас е потребно, но и на сите граѓани се разбира кои што не го слават овој денешен ден, а се наши сограѓани во оваа наша Македонија, изјави денеска од Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нека ни донесе пред се здравје овој ден, да бидеме спокојни и мирни во душата, бидејќи тоа е најважно. Здрав човек и мирен човек може да направи сѐ.

Така, и да му го честитам нели овој прекрасен момент на фаќачот на крстот, до овој момент не успеав да дознам кој е, кое е името, и кој е среќниот и благословен кој што успеа тоа да го направи денеска. Но, еве и на него и на неговото семејство и на сите останати да им посакам пред се здравје, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН бараат поефикасно спроведување на договорот за извоз на жито преку Црното Море

Следно

ПОЧИНА СЛИКАРОТ И ИСТРАЖУВАЧ НА ШАРА АЛЕКСАНДАР НАСТЕСКИ

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop