Медведев: Русија мора да избере нестандардни цели за напади врз Украина

July 24, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денес изјави дека Москва мора да избере нестандардни цели за своите напади врз Украина, јавува Анадолу.

„Мора да избереме нестандардни цели за нашите напади. Не само магацини, енергетски центри и нафтени бази. Има и други места каде што сè уште не очекуваат. И каде што ефектот ќе биде многу значаен“, објави Медведев на Телеграм.

Тој тврди дека Украина избрала „мирни, цивилни цели“ за своите напади врз Русија бидејќи не успеала „да постигне успех за време на контраофанзивата“ што започна минатиот месец.

„Тоа значи дека се потребни информативни победи… Затоа, прифатливи се и напади врз цивилни цели“, рече Медведев, кој е познат по своите шокантни и провокативни изјави.

Москва ја започна својата специјална воена операција во Украина во февруари минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе доби понуда од 300 милиони евра

Следно

„Банана филм“: Управниот суд го прифати нашето барање да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм

Latest from Blog

Министерството за енергетика прво со максимални 100 отсто транспарентност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето,

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.
Go toTop