Девет лица загинаа во авионска несреќа во Порт Судан

July 24, 2023
1 min read

КАРТУМ (АА) – Најмалку девет лица загинаа во авионската несреќа што се случи во суданскиот крајбрежен град Порт Судан, објави суданската војска, известува Анадолу.

Војската наведе дека до несреќата дошло поради технички дефект, информирајќи дека во авионот се наоѓале четири воени лица.

„Цивилниот авион ‘Антонов’ денес се урна на аеродромот ‘Порт Судан’ поради технички дефект. Животот го загубија деветмина, од кои четири воени лица. Едно дете ја преживеа несреќата“, соопшти канцеларијата на портпаролот на Вооружените сили на Судан.

Порт Судан е еден од градовите што се под контрола на суданската војска од избивањето на војната во земјата на 15 април оваа година.

Судан е опустошен од судирите меѓу војската и паравоените Сили за брза поддршка од април досега, во кои, според податоците на локалните лекари, животот го загубиле околу 3.000 цивили, а илјадници се повредени.

Неколку договори за прекин на огнот меѓу завојуваните страни, во кои посредуваа саудиски и американски претставници, не успеаја да му стават крај на насилството.

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) проценува дека речиси 3 милиони луѓе се раселени поради судирите во Судан.

Во јули генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, предупреди дека судирот во Судан би можел да прерасне во граѓанска војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ПОЧИНА КОМПОЗИТОРОТ ЉУБОМИР БРАНЃОЛИЦА, ЕДЕН ОД НАЈПЛОДНИТЕ АВТОРИ НА 20. ВЕК ВО МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА

Следно

(ФОТО) Се урна кров на училишна спортска сала во Кина, загинаа 11 лица

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop