Три жртви во невремето во Србија, издаден е црвен метеоаларм

July 22, 2023
1 min read

Во западна Србија, Шумадија и Поморавје е издаден црвен метеоаларм поради опасност од силен ветер и громови. Во останатиот дел од земјата, од страна Републичкиот хидрометеоролошки завод е издаден портоклаов метеоаларм што значи опасно време.

Во синоќешното невреме кое ја зафати Србија се регистрирани три жртви, пренесува РТС. Една повозрасна жена починала во пожар во Ковачица. Куќата се запалила откако гром удрил во дрвото во близина. Жената како што пренесуваат српските медиуми се обидела да го изгасне огнот во семејната куќа каде живеела сама. Итната медицинска помош констатирала смрт, а Вишото јавно Обвинитлество направило увид и не наредило обдукција.

Фото: РТС

Во Бачка Паланка загинал маж кој според извештаите се обидувал да ги тргне струјните кабли кои паднале на покривот на капијата од неговата куќа.

Во невремето најпогоден беше Нови Сад каде беа повредени повеќе од 30 лица , а загина и момче. Според последните информации во српските медиуми , момчето имало 11 години и починало од струен удар.

Штетите од невремето се уште се утврдуваат. Најпогодена беше Војводина, а поради невремето без струја се делови од Нови Сад, Бачка Паланка, Темерин, Жабља, Футог, Зрењанин.

 

Фото: РТС

Во одредени населби и денеска нема струја, а улиците каде падна кран и цела кровна конструкција се уште се блокирани за сообраќај.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси во 94. минута постигна гол првенец во дресот на Интер Мајами

Следно

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Latest from Blog

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата

Михаил Пановски до Левица: „Божиновска не одлучува за цената на струјата и не управува со ЕСМ“

Поранешниот пратеник Михаил Пановски реагираше на денешната прес-конференција на Левица, на која партијата ја критикуваше министерката за енергетика Сања Божиновска. Според Пановски, дел од критиките се однесуваат на прашања што не се

Португалците очекувале дека Роналдо сам ќе се повлече по Мундијалот, новиот селектор дури и поставил услов

Португалската фудбалска федерација очекувала Кристијано Роналдо да се повлече од репрезентацијата по Светското првенство во 2026 година, објавува мадридски „Ас“. Според весникот, при изборот на наследникот на Роберто Мартинез, федерацијата предводена од

Проданоски: Економскиот факултет создава генерации кои придонесуваат за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет во Прилеп, каде на студентите им посака успешен почеток на новата академска година. Проданоски истакна дека почетокот на
Go toTop