Кримскиот мост мора да се неутрализира, вели Зеленски

July 22, 2023
1 min read

Мостот „Керч“, што го поврзува полуостровот Крим со Русија носи војна, а не мир и затоа е воена цел, порача претседателот на Украина Володимир Зеленски. На форум за безбедност кој се одржа во Аспен кажа дека тоа е легитимна воена цел која треба да се неутрализира.

„Тоа е рута што се користи за хранење на војната со муниција и тоа се прави секој ден. Го милитаризира Крим. За нас тоа е разбирливо непријателски објект изграден надвор од меѓународните закони и сите важечки норми. Значи, разбирливо, тоа е цел за нас. И секоја цел што носи војна, а не мир, мора да биде неутрализирана“,

рече Зеленски.

Во експлозиите во понеделникот на мостот загинаа двајца цивили беше онеспособен дел од коловозот, што неодамна се врати во целосна функција откако беше тешко оштетен во сличен напад во октомври.

Украина го поздрави нападот од понеделникот, но властите директно не ја презедоа одговорноста.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обамејанг се сели во екипата на Олимпик Марсеј

Следно

ВЕЧЕРВА ВО ШТИПСКИ ТЕАТАР ПРЕМИЕРА НА „ДЕМОНОТ ОД ДЕБАР МААЛО“ ОД ГОРАН СТЕФАНОВСКИ НА РЕЖИСЕРКАТА ПОПЛАВСКА

Latest from Blog

ТЕПАЊЕ СО СТАП ЗА ДИГИТАЛНО И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Нови правила во училиштата во Сингапур

Учениците кои ги малтретираат другите, вклучително и преку дигитално насилство, ќе се соочат со тепање со стап како „крајна мерка“ според новите насоки воведени во Сингапур. Учениците (момчиња) можат да добијат до

Македонски Телеком и банкарскиот сектор доминираа на денешното берзанско тргување кое заврши со промет од над 28 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00

Почина легендата на Интер, Еваристо Бекалоси

На 69. годишна возраст почина легендарниот играч на тимот на Интер, Еваристо Бекалоси. Неговата здравствена состојба беше проблематична повеќе од една година откако доживеа удар во 2025 година. Тој ја има започнато

Комерцијална банка, НЛБ Банка и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 порасна за 0,09%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека
Go toTop