СЗО: „Половина од светската популација е изложена на ризик од треската денга“

July 21, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Половина од светската популација е во опасност да се зарази со вирусот денга што го пренесуваат комарците, предупреди денес Светската здравствена организација (СЗО), јавува Анадолу.

Раман Велајудан, шеф на Одделот за тропски болести на СЗО, за новинарите во седиштето на ОН во Женева изјави дека СЗО забележала осумкратно зголемување на случаи на треска денга во период од 2000 до 2022 година, од 500.000 случаи на 4,2 милиони.

Велајудан нагласи дека вистинската бројка може да биде многу поголема.

„Околу половина од светската популација е изложено на ризик од треската денга, а вирусот на денга погодува приближно 129 земји“, изјави тој, истакнувајќи дека процените покажуваат оти годишно се случуваат од 100 до 400 милиони инфекции.

Тој истакна дека денга е сериозна болест што обично е вирусна инфекција што се пренесува од човек на човек со каснување од комарец.

„Осумдесет отсто од случаите се асимптоматски“, додаде тој.

Во моментов единствена вакцина на пазарот е Санофи Пастер, наведуваат од СЗО.

Оваа вакцина се користи во речиси 20 земји.

Вакцината ги штити само оние што биле заразени со денга еднаш и потребно е да се примат три дози.

Ефикасноста на оваа вакцина против четирите вида на вирусот на денга, во просек, е околу 65 отсто.

Процените покажуваат дека смртните случаи од денга се движат меѓу 40.000 и 70.000 годишно, соопшти претставникот на СЗО, додавајќи дека има многу земји што сè уште не ги пријавуваат како такви.

„Стапката на смртност е околу еден отсто во повеќето земји и се надеваме дека ќе ја намалиме уште повеќе“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин: „Јасно е дека Западот е разочаран од резултатите од украинскиот контранапад“

Следно

(ФОТО) Германската полиција имаше масовна потрага по избегана лавица, но испадна дека е во прашање дива свиња

Latest from Blog

За 70% е зголемен бројот на уапсени мигранти во Њујорк по доаѓањето на Трамп во Белата куќа

Ревизијата ја нарачал градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, кратко откако тој ја презеде функцијата. Според извештајот, Службата за имиграција и царина на САД (ICE) уапсила 5.567 лица во областа на Њујорк помеѓу

ВЛЕН: Организаторот на просрпскиот собир во Куманово имал блиски врски со Бујар Османи

Коалицијата ВЛЕН со остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата за лицемерие и поврзаност со личности кои, како што тврдат, стојат зад организирање на просрпски собири во земјава. Од ВЛЕН велат дека

ВЛЕН ја обвини ДУИ за врски со организатор на просрпски собир во Куманово

Коалицијата ВЛЕН со остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата за лицемерие и поврзаност со личности кои, како што тврдат, стојат зад организирање на просрпски собири во земјава. Од ВЛЕН велат дека

Димитриеска-Кочоска со порака до опозицијата: Реалноста ја покажуваат економските показатели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати повик до економскиот тим на опозицијата за заедничка средба во Министерството за финансии, со цел, како што истакна, „да се објаснат фактите и реалната состојба во
Go toTop