Метеоролозите најавуваат нестабилно време во Хрватска, издаден портокалов метеоаларм

July 21, 2023
1 min read

За утре во Хрватска е најавено променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи, почести и поизразени во попладневните и вечерните часови. Локално се очекуваат грмежи и засилен ветер. Портокалово предупредување е издадено за поголемиот дел од земјата, со можна појава на невреме во сабота навечер

По разорното невреме кое пред два дена го зафати регионот и однесе вкупно шест животи, на целата територија на Хрватска е издадено предупредување за ново потенцијално невреме.

Илустративна фотографија: Unsplash

Метеоролозите најавуваат нестабилно време, а поради можната појава на грмежи на речиси целата територија на држвата е издаден портокалов аларм, објави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).

„Денеска ќе биде нестабилно во поголем дел од земјата. Врнежи со грмотевици се очекуваат уште претпладне, а најголема веројатност за локална појава на грмежи е попладне и навечер“,

објави Државниот хидрометеоролошки завод во Хрватска (ДХМЗ).

Управата за цивилна заштита во Хрватска утринава нешто пред 9:30 часот издала предупредување за невреме со грмотевици во Загреб. Почнало да врне и да грми околу 9:15 часот, но кратко по 10 часот времето се смирило. 

За утре во Хрватска е најавено променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи, почести и поизразени во попладневните и вечерните часови. Локално се очекуваат грмежи и засилен ветер. Портокалово предупредување е издадено за поголемиот дел од земјата, со можна појава на невреме во сабота навечер.

Портокаловото предупредување поради невремето утре е на сила за регионот на Загреб и Осиек бидејќи можноста за невреме со грмотевици во тие два региона е над 70 отсто, со можна појава на невреме во сабота навечер.

За останатиот дел од Хрватска е издадено жолто предупредување, а за дубровничкиот регион на сила е црвено предупредување поради топлотниот бран. 

Словенија, Хрватска, Србија и БиХ пред два дена беа зафатени од разорно невреме проследено со дожд, силен ветер и грмотевици. Во невремето загинаа шест лица. Од нив, четворица во Хрватска и по еден во Словенија и во БиХ.

Освен човечки животи, невремето предизвика и материјални штети кои во моментов се санираат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Малиот битолски Монмартр „исцрта“ уште една нова слика за односите меѓу Скопје и Софија

Следно

Од утре и фирмите можат да го користат единствениот таг на автопатиштата во Србија и Северна Македонија

Latest from Blog

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши
Go toTop