Лидерите на САД, Јужна Кореја и Јапонија ќе се состанат следниот месец

July 21, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Лидерите на Соединетите Американски Држави (САД), Јужна Кореја и Јапонија во август ќе одржат трилатерална средба во САД, а една од важните теми ќе биде Северна Кореја, пренесува Анадолу.

Кабинетот на претседателот на Јужна Кореја соопшти дека ќе се одржи трилатерална средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден, јапонскиот премиер Кишид Фумио и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол.

Соопштено е дека точното место и време на средбата, која се очекува на 18 август во кампусот „Кемп Дејвид“ во близина на Вашингтон, ќе бидат дополнително утврдени.

На средбата, чиј домаќин ќе биде Бајден, се очекува да се разговара и за нуклеарните и ракетните закани на Северна Кореја.

На состанокот ќе се оцени и напредокот постигнат во договорот меѓу јужнокорејските, американските и јапонските претставници за формирање советодавна група што истовремено ќе споделува информации за системот за предупредување на ракети, а планирано е да се разговара и за Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОТКРИЕН НОВ МОЗАИК ВО ТЕОДОСИЈАНСКАТА ПАЛАТА ВО СТОБИ

Следно

Шпанија и Швајцарија стартуваа со победи на женскиот Мундијал

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop