„Летен маратон на комедијата“ од утре до 13 август во Охрид

July 21, 2023
1 min read

На програмата на петиот по ред „Summer Comedy Marathon“ што од 22 јули до 13 август ќе се одржува во Охрид се 21 шоу-претстави, од кои дел се стандардни стенд-ап комедии, но и други форми комедија со интеракција на публиката.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција во врска со прогграмската шема на манифестацијата, маратонот на комедијата стартува на 22 јули со шоуто „Импровокација“ што веќе е добро познато на охридската, но и пошироката публика.

На програмата се многу интересни содржини, меѓу кои и шоуто „2mothers brothers“, како и премиерна изведба на новото шоу „Трансакциона анализа“ на Тино и Атанас.

Потоа тука се шоута од локалната сцена како „Comedy Jam“, „Црн хумор“ и „Roast“, настапите на гости од Куманово и доста голем број на женски артисти, меѓу кои Надица Петрова и Ангела Стојановска, како и гостинки од Мексико и Америка.

На 27 јули е шоуто „The best od Balkan“ со четворица гости тројца од Србија и еден од Црна Гора, Александар Перишиќ, Срџан Олман, Никола Силиќ и Андрија Дабановиќ, на кое ќе настапи и охридскиот актер и стенд-ап комичар Никола Тодороски.

Се обидовме да понудиме малку да се прошири фестивалот пошироко на Балканските простори. Мислам дека ќе биде извонредна вечер во еден неверојатен амбиент на сцената на Долни Сарај. Со особено задоволство го најавувам и шоуто на мојот личен пријател и соработник од Грција со интернационална кариера кој ќе внесе една свежина во ова издание на маратонот, изјави Тодороски, дел од организаторите и учесници на маратонот.

Филип Ангеличин – Жура, кој исто така е дел од организаторите на манифестацијата, посочи дека новина оваа година е тоа што првпат шоута ќе бидат изведени на четири сцени и тоа покрај во клубот „Џез Ин“ и на сцените на Народен театар Охрид, Долни Сарај и дискотеката „Ребел“.

„Тоа што сме вмрежани во доста асоцијации е добро и за туристичката понуда на Охрид, зошто и многу стенд-ап комичари дознаваат за Охрид преку маратонот, вели Жура

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО ДОМОТ НА ГОЛМАНОТ НА ПСЖ – Донарума и неговата девојка соблечени голи, а тоа што го направиле потоа крадците е шокантно!

Следно

Сан Франциско под клуч

Latest from Blog

Осуден поранешен претседател на Јужна Кореја

Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун го прекршил Законот за политички фондови, што е различна пресуда од посебен судски случај во кој неговата сопруга, поранешната прва дама Ким Кион-хи, беше

Костадиновска-Стојчевска : Разрешувањето на Љутков е признание на власта дека ја уништи културата

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и

Проданоски: „Водовод и канализација“ интензивно работи на проблемот со водоснабдувањето

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот на примарната водоводна линија на

Вештакот Марковски: Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во дискотеката „Пулс“

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски

Берзански извештај: Индексот МБИ10 ослабе, промет од над 37 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 13.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.152,62 поени. Во
Go toTop