Срце од починат донор утринава почна повторно да чука, шанса за живот добија уште три пациенти

July 20, 2023
1 min read

Веста дека од еден донор утринава се спасени четири животи ја соопштија од Министерството за здравство. Првпат во историјата на македонското здравство, велат од оттаму, од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт 

Четириесетгодишен пациент од Скопје рано утринава доби ново срце, а шанса за живот добија уште три пациенти кои ќе добијат органи од починат дарител.

Фото: Министерство за здравство

Веста дека од еден донор утринава се спасени четири животи ја соопштија од Министерството за здравство.

„Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, ново срце почна да чука во градите на 40-годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези“,

соопштија од Министерството за здравство.

Дополнително, шанса за поквалитетен живот ќе добијат и пациенти со коскени заболувања.

Фото: Министерство за здравство

Првпат во историјата на македонското здравство, велат од Министерството, од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. 

Оттаму зразуваат благодарност до семејството на починатиот донор за, како што велат, несебичната одлука која донесе утро полно надеж и верба за безусловна добрина, а благодарност изразија и до медицинските екипи кои изминатите 24 часа работеа и сè уште работат на скопските хируршки и интерни клиники.

„Горди сме на секој нов успех во македонското здравство“,

велат од Министерството.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако ве интересира зошто пропадна Кредит Свис читајте во 2073-та

Следно

Двајца загинати при судар на две цистерни во Јемен

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop