(ФОТО+ВИДЕО) Романија, Словачка и Полска испраќаат над 200 пожарникари за да помогнат во справувањето со пожарите што и денеска беснеат во Грција

July 19, 2023
1 min read

Преку механизмот на Европската Унија за цивилна заштита Романија, Словачка и Полска испраќаат над 200 пожарникари за да помогнат во справувањето со пожарите што и денеска беснеат во Грција

Морничави се сликите од терен на кои се гледа што огнената катастрофа остава зад себе во погодените области, особено во регионот на главниот град Атина

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Романија, Словачка и Полска одговориле на грчкото барање преку механизмот на Европската Унија за цивилна заштита за помош во гаснењето на пожарите и во Грција испраќаат над 200 пожарникари. 

Портпаролот на противпожарната служба на Грција. Јанис Артопиос, соопшти дека Грција побарала три пешадиски тима и возила, а позитивно одговориле трите земји.

Па така, Романија ќе испрати пешадиски тим со 40 пожарникари и пет цистерни, како и уште десет пожарникари со пет возила, кои утре ќе пристигнат во земјата.

Словачка ќе испрати пешадиски тим со 31 пожарникар со 15 противпожарни возила, а тимот од Полска е најмногуброен, со 149 пожарникари и 49 возила.

Пожарникарите од Полска и Словачка в петок ќе пристигнат во Грција.

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Артопиос потсети дека од вчера во Грција се четири авиони од Италија и Франција, исто така преку механизмот на ЕУ.

Во однос на активните пожари во земјата, рече дека се вложуваат максимални напори за огнените јазици да се стават под контрола.

Во пожарот во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, заедно со копнените сили, интервенираат девет авиони и 11 хеликоптери, од кои два се за координација. Пожарот на Пелопонез, пак, се гаси со три авиони и два хеликоптери.

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

За шумскиот пожар на Родос, кој се шири од вчера попладне, портпаролот на противпожарната служба рече дека денеска е веќе во центарот на островот, а преку бројот 112 за итни случаи од жителите на три села беше побарано да се евакуираат.

На островот интервенираат 103 пожарникари со три пешадиски тима и 28 возила, три авиони и четири хеликоптери.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека ја зазела железничката станица Молчаново во украинската област Харков

Следно

Де Хеа би можел да заврши во Севилја

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop