Претставничкиот дом на САД: Усвоена е Резолуција дека Израел не е „расистичка држава“

July 19, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера со големо мнозинство усвои Резолуција во која се наведува дека Израел не е „расистичка држава“, пренесува Анадолу.

Резолуцијата беше усвоена со 412 гласа „за“ и девет „против“. Против беа претставниците Рашида Тлаиб, Александрија Окасио-Кортез, Илхан Омар, Џамал ​​Бауман, Самер Ли, Кори Буш, Ајана Пресли, Андре Карсон и Делија Рамирез.

Резолуцијата, претставена од републиканецот од Тексас, Аугуст Пфлугер, вели дека „државата Израел не е расистичка или апартхејдна држава“ и ги отфрла „сите форми на антисемитизам и ксенофобија и дека САД секогаш ќе бидат постојан партнер и поддржувач на Израел“.

Гласањето за Резолуцијата е извршено неколку дена откако демократската пратеничка Прамила Џајапал, која се противи на политиката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го критикуваше Израел во обраќањето на пропалестинските демонстранти во Чикаго во саботата.

„Еј, луѓе, може ли да кажам нешто? Може ли да кажам нешто како некој што бил на улица и учествувал на многу демонстрации? Сакам да знаете дека се боревме за да стане јасно дека Израел е расистичка држава, дека палестинскиот народ заслужува самоопределување и автономија, дека сонот за решение за две држави ни се оддалечува, дури не ни изгледа возможно“, рече Џајапал, чии коментари предизвикаа критики на социјалните мрежи.

Усвојувањето на Резолуцијата следуваше неколку часа по средбата на американскиот претседател Џо Бајден со неговиот израелски колега Исак Херцог во Белата куќа. Херцог, кој пристигна во Вашингтон во вторник, ќе се обрати во Конгресот утринава.

Говорот ќе биде бојкотиран од прогресивните демократи, вклучително и истакнатите пратеници Тлаиб, првата палестинско американска пратеничка во Конгресот, Окасио-Кортез и Омар. Одлуката за бојкот на обраќањето на израелскиот претседател доаѓа во време на растечки несогласувања меѓу демократите околу одржувањето на непоколебливата поддршка на САД за Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ќе тргнува на Харков?

Следно

Обвинителството бара притвор за тројца осомничени по денешните апсења

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop