Политичари, бизнисмени, инспектори се меѓу уапсените во акција на Обвинителството и полицијата

July 19, 2023
1 min read

Од ОЈОГОКК за „360 степени“ потврдуваат дека има реализација на акција под раководство на обвинител на ова обвинителство, но засега не даваат дополнителни детали за акцијата која сè уште е во тек

Политичари, бизнисмени и инспектори се меѓу приведените во акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) и Министерството за внатрешни работи, дознава „360 степени“.

Според неофицијални информации, акцијата се спроведува од утрово на повеќе локации во Скопје и околината. Досега се приведени шест или седум лица, но со кривичната пријава се опфатени повеќе.

Според првичните информации, меѓу приведените е Исмет Гури, член на ДУИ, кој неодамна беше осуден на казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности, како и неговиот син. Дознаваме и дека приведени се инспектори на Управата за јавни приходи каде што Гури беше заменик-директор. Апсењата се поради сомнение за перење пари и затајување данок.

Од ОЈОГОКК за „360 степени“ потврдуваат дека има реализација на акција под раководство на обвинител на ова обвинителство, но засега не даваат дополнителни детали за акцијата која сè уште е во тек. Најавуваат целосна информација во текот на денот.

Акцијата за „360 степени“ ја потврдуваат и од МВР.

„Во моментов има претреси што започнаа утрово на повеќе локации главно во Скопје, но и во околината. Има неколку уапсени лица. Акцијата е во соработка со ОЈОГОКК. Се работи за организирана криминална група“,

велат од МВР за „360 степени“.

И полицијата најави дека повеќе детали ќе соопшти подоцна.

Инаку, Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ во петокот (14 јули 2023 г.) добија затворски казни од по три години и шест месеци од Основниот кривичен суд-Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лондонски Трокадеро станува џамија

Следно

Земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди Ел Салвадор

Latest from Blog

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон

(Видео) ЦЕЛ БАНКОК Е ЗОНА НА КАТАСТРОФА – Властите потполно немоќни

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодуваат Тајланд од средината на септември се искачи на 23 лица, соопшти тајландската влада, додека ситуацијата на терен останува драматична. Според најновите податоци, во

Колумна на Виктор Грозданов за Plusinfo.mk: Насилнички екоактивизам

Што е разликата помеѓу мене, моите колеги од металургијата, рударството и геологијата, нормалните новинари, од една страна, и насилничкиот, како што јас го нарекувам „екоактивизам на батерии“, од друга страна? Разликата е

Боштјан Цесар и Гоце Седлоски беа соиграчи, а требаше и да го наследи во Вардар, но стана селектор на Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија во Љубљана го игра вториот натпревар од Лигата на нации. Јавноста се надева на многу подобро издание од првиот меч против Швајцарија, а тоа секако
Go toTop