СТОЛТЕНБЕРГ ОД ДАВОС: Ако утре сакаме мирно решение со преговори со Русија, денеска мора да испратиме повеќе оружје во Украина

January 18, 2023
1 min read

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг побара денеска во Давос да се испрати повеќе оружје во Украина.

– Ова е клучен момент во војната и помошта за Украина треба значително да се зголеми, рече Столтенберг во интервју за Ројтерс, на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Тој додаде дека „ако утре сакаме мирно решение преку преговори, денеска мора да испратиме повеќе оружје“.

На прашањето дали Германија ќе дозволи испраќање на нејзините тенкови „Леопард“ во Украина, Столтенберг одговори претпазливо, велејќи дека консултациите продолжуваат, но ја поздрави одлуката на Велика Британија да испрати тенкови „Челинџер“ во Киев.

Покрај тенковите, Столтенберг рече дека на Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и оклопни возила, како и муниција и резервни делови, како и подобри способности за одржување на оружјето.

Тој рече дека ситуацијата на фронтот е стабилизирана во последните недели, но и дека долгите жестоки борби во Бахмут ја докажуваат важноста од испраќање повеќе оружје.

– Претседателот Путин не покажува знаци дека се подготвува за мир и затоа мора да разбере дека не може да победи на бојното поле, рече Столтенберг.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски пред светските лидери во Давос: Иако не ја почнавме војната, ние ќе ја завршиме

Следно

Тупанчевски: Разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции не значи дека работата е завршена

Latest from Blog

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево

Две недели по прогласувањето на епидемија на лептоспироза во Кантонот Сараево, регистрирани се 71 заболен, соопшти Заводот за јавно здравје на Кантонот Сараево. Две лица се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Универзитетот

Интер го промовира Луис Енрике

Фудбалерот од средниот ред на Марсеј, Луис Енрике, стана играч на Интер, објави прес-службата на клубот од Милано. Претходно, инсајдерот Фабрицио Романо објави дека трансферната сума на 23-годишниот Бразилец е 25 милиони

Илјадници луѓе маршираа низ Лондон против владините мерки за штедење

ЛОНДОН (АА) – Илјадници демонстранти маршираа низ центарот на Лондон денес на големи демонстрации наречени „Штедење 2.0“ против владините мерки за намалување на владините трошоци и реформите на социјалната помош, известува Анадолу.

После 20 години страдање, успешно оперирана во Косово – Џенета од Скопје се оперираше со помош на хумани луѓе

Џенета Рамуш, 20-годишно девојче од Скопје, за кое ТВ21 известуваше пред неколку месеци, живее со тешки болки и ограничувања поради епилепсија и сколиоза – сериозна деформација на рбетот што ѝ ја отежнуваше
Go toTop