Во Грција денеска беснееле 81 пожар, за еден од нив уапсени се две лица

July 17, 2023
1 min read

Климатската криза е тука, пожари имаше, имаме и ќе имаме, а државниот механизам прави сè што е можно за справување, рече Кикиљас

ФОТО: Принтскрин

Осумдесет и еден пожар денеска биле регистрирани во Грција, објави вечерва министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикиљас. Според него четири од пожарите биле посериозни, а сите биле предизвикани дали од невнимание, од криминална небрежност или од потпалување. 

Кикиљас вели дека во четирите големи пожари интервенирале вкупно 544 пожарникари со 198 возила, а од воздух периодично гаснењето било со 23 авиони, 18 хеликоптери.

За еден од пожарите, како што вели Кикиљас, уапсени се две лица, пренесуваат грчките медиуми.

„Климатската криза е тука, пожари имаше, имаме и ќе имаме, а државниот механизам прави сè што е можно за справување“,

рече Кикиљас.

Тој, исто така,рече дека обезбедено е сместување во хотели за оние чии домови изгореа или претрпеа материјална штета.

„Граѓаните чии домови беа погодени од пожарите можат да бидат сместени во хотели. Апелирам до граѓаните утре да покажат огромна претпазливост, бидејќи денот ќе биде подеднакво тежок поради екстремните временски услови“,

рече тој.

Во Грција активни се три пожари на три различни локации, еден во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што изгореа голем број домови, другиот на Пелопонез во близина на Коринт и третиот во областа Виотија во централна Грција. 

На жителите на Атика, денешните пожари, им ги враќаат сеќавањата од огнената катастрофа што им се случи пред точно пет години во јули 2018 кога загинаа 104 лица, а над 700 беа евакуирани.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија се повлече од Договорот за извоз на украинското жито, расте опасноста за снабдувањето со храна во светот

Следно

Маркус Рашфорд и Манчестер јунајтед конечно се договорија

Latest from Blog

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop