Внукот на Слободан Милошевиќ преку партијата на дедо му влегува на голема врата во српската политика

July 17, 2023
2 mins read

За внукот на Милошевиќ, неговиот дедо не е воен злосторник или диктатор, туку херој. Решил политички да се активира за да ги оствари идеалите и да придонесе за државата и за општеството, особено во областа на меѓународното јавно право. Неговиот татко живее во Москва и се наоѓа на меѓународна потерница

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, најави дека внукот на Слободан Милошевиќ ќе биде нов член на партиското раководство.

На денешната свечена седница по повод 33-годишнината од формирањето на партијата со која во минатото раководеше српскиот диктатор и воен злосторник, актуелниот претседател на СПС и шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ соопшти дека ќе му предложи на Главниот одбор на СПС во своите редови да го кооптира Марко (помладиот) Милошевиќ, внук на Слободан Милошевиќ и на Мирјана Марковиќ од нивниот истоимен син.

„Тој самиот изрази желба да се приклучи кон нашето движење, политички да се активира и да се занимава со решавање на општествените проблеми. Тој е нашиот нов соборец“,

истакна Дачиќ.

Милошевиќ Јуниор се заблагодари на можноста да членува во партијата и изјави дека му е драго што е во друштво на драги пријатели и сопартијци.

„За мене оваа идеја е вечна и драго ми е што има ваков континуитет. Таа и натаму и допрва ќе биде актуелна. Јас се надевам во тоа и ќе се потрудам да биде уште подобро. Ќе дадам сѐ од себе да го дадам својот придонес за оваа партија и за ова општество. Јас се занимавам со право, со меѓународно јавно право. Имајќи ги предвид проблемите со кои се соочуваме на тој план, како општество и како држава, јас се надевам дека ќе сториме сѐ за да најдеме добри решенија“,

изјави Милошевиќ.

ФОТО: sps.org.rs

Марко Милошевиќ Јуниор има 24 години и за него дедо му Слободан е херој. Пред неколку години, кога по првпат се појавил во јавноста на една манифестација на СПС, тој изјавил дека се сеќава на моментот кога разбрал дека во затворот во Шевенинген починал дедо му.

„Бев многу мал, но се сеќавам на тој ден. Си играв во дворот и прво не ми кажаа што се случило, но ми кажаа дека на дедо ми многу му се слошило. Потоа заминавме со мајка ми во Москва, за да го видиме татко ми. Таму дознав што се случи. Денеска жалам што најмногу се сеќавам на неговиот лик, а не на некој разговор со него или на совет што сакал да ми го даде. Бев премногу млад за да се сеќавам на тоа. Имаме неколку заеднички фотографии, но за тоа каков бил, ми зборува мајка ми, со која честопати разговарам за него“,

изјавил тогаш Марко.

Татко му на Марко сѐ уште живее во Москва. Таму по падот на диктатурата на Слободан Милошевиќ, Марко постариот замина со мајка му Мирјана. И откако таа почина, тој и натаму живее во Москва. За него е распишана меѓународна потерница. Беше во илегала цели 20 години, сѐ додека неодамна не се појави на отворањето на споменикот посветен на неговиот татко Слободан во Москва. Иницијатори за подигнувањето на споменикот на Милошевиќ во Москва се припадниците на прорежимскиот мотоклуб „Ноќни волци“, жестоки поддржувачи на Владимир Путин. Во кусата изјава по отворањето на споменикот, Милошевиќ даде целосна поддршка на руската агресија во Украина.

„Како што е напишано на оваа табла, за жал, ние бевме проба за тоа што се случи во Русија и што се случува сега во Украина. Југословенската криза, југословенските војни се исто, само што ова е сега забрзана варијанта во Украина. За жал, ја загубивме битката, но се надевам дека не ја загубивме војната. На нашите грешки и на нашата судбина Русите извлекоа лекција и ние ќе победиме! За победа“,

рече тогаш Милошевиќ.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Драматично во Грција, беснеат пожари во Атика, поширокиот регион на Атина

Следно

Вархеји од Тирана: Посветени сме на спроведување на новата стратегија за раст на Западен Балкан

Latest from Blog

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по

Грција: Суспендирани над 10.000 ученици поради употреба на мобилен телефон на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави
Go toTop