МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ДАДЕ ПЕТПАТИ ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА НАГРАДАТА РОМАН НА ГОДИНАТА, ВЕЛИ СТИГНАА МНОГУ ПРИЈАВИ, А ИМАЛЕ НАМАЛЕН БУЏЕТ

July 17, 2023
2 mins read

Министерството за култура се правда дека годинава, во услови на глобална економска криза и намален буџет, воделе сметка да се направи квалитетна и коректна селекција за тоа кои проекти ќе бидат поддржани, откако денеска Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ реагираше дека на 14 јули им била одбиена жалбата од Министерството за култура и Државната комисија за управни постапки за финансиската поддршка за престижната книжевна награда Роман на годината, и тоа во пресрет на 25-годишниот јубилеј.

Извршниот директор на Фондацијата, Ѕвездан Георгиевски вели дека Министерство за култура за наградата Роман на годината за 2022 одреди сума од 55.965 денари. Додава дека само паричниот дел од наградата изнесува 150.000 денари во нето износ. Хонорарите на петчлената жири-комисија исто толку. Натаму, тука се трошоци за свеченото врачување, за оригиналната статуетка што ја добива лауреатот, за промоции низ повеќе градови во Републиката.

„Како илустрација ќе споменеме дека минатата година на истиот конкурс, со решение на истото Министерство за култура и со потпис на истата министерка, проектот Роман на годината доби 281.308 денари. За Фондацијата ‘Славко Јаневски’ останува мистерија што се случи во меѓувреме, па ‘вредноста’ на проектот да се намали за повеќе од пет пати. Земајќи ги предвид сите објективни околности, сепак не можеме да разбереме зошто кај овој проект дојде до волкаво драстично намалување на поддршката од Министерството. И како е можно Комисијата за издаваштво и литературна дејност до таа мера да го смени своето претходно мислење? Во Решението по нашата жалба се наведува дека Комисијата за литература и издавачка дејност за 2023 година и ја разгледала пријавата за Роман на годината при што утврдила ‘дека жалбата не е потполно оправдана од причини што нема нови докази (!) за да се менува одлуката и предлага жалбата да се одбие“, стои во реакцијата од Фондацијата.

Од кабинетот на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска велат дека само во делот на Конкурсот за литература и издавачка дејност, биле  поднесени над 1.200 пријави за публикации (книги – авторски и преводи, изданија за деца, списанија и електронско издаваштво), како и над 70 пријави за манифестации (литературни фестивали, награди,конкурси, работилници и слично).

„Стручната комисија која одлучуваше по пристигнатите проекти годинава во услови на глобална економска криза и намален Буџет, беше исправена пред предизвикот да се направи квалитетна и коректна селекција на пристигнатите проекти. Притоа се водеше сметка да се постигне разновидност, да не се наруши традицијата во случај на манифестациите, едициите, одбележувањето на значајните јубилеи, како и, во однос на предложените манифестации, да бидат задоволени потребите на граѓаните за квалитетни културни настани во државата. Во тој контекст стручната комисија, водејќи се од овие начела и ценејќи го значењето на бројните манифестации, без никакви намери, особено не тенденциозни внимаваше на правилна распределба согласно актуелните состојби. При тоа уште еднаш нагласуваме дека Министерството за култура учествува во поддршката на проектите, а не во нивното целосно финансирање. Значењето на манифестацијата Роман на годината е неспорно и затоа и оваа година доби поддршка во избраните проекти на Годинешниот конкурс“, вели Министерството.

Наградата Роман на годината досега е доделена 24 пати. Станува збор за исклучиво непрофитна награда, која единствено е во функција на промоција на македонската литература. Наградата се доделува од 1999 година во рамките на „Утрински весник“. По згаснувањето на „Утрински весник“ формирана е Фондацијата „Славко Јаневски“ со првенствена задача да не дозволи проектот да згасне.

Георгиевски потенцира дека со ваква финансиска поддршка од Министерството за култура, опстојувањето на Романот на годината е сериозно доведено во прашање, и тоа во пресрет на нејзиниот 25-годишен јубилеј.

„До 15 декември кога традиционално се распишува конкурсот за Роман на годината остана уште малку време. Фондацијата ‘Славко Јаневски’ прави огромни напори да ја подобри сопствената финансиска кондиција за да може непречено да го организира овој конкурс. Но, со оглед дека ‘немаме нови докази’ и со оглед дека Министерството за култура кому токму вакви проекти му се ‘во описот и пописот’ на работата, очигледно смета дека оваа награда во ваков формат е непотребна, сѐ помалку ја гледаме потребата од сопствено жртвување за организирање и одржување на оваа традиција. Ако на Република Северна Македонија не ѝ е потребен Романот на годината, тогаш не гледаме причини зошто би ни бил потребен и нам. За жал, во Македонија тешко се создаваат традиции, но затоа многу лесно се уриваат“, реагира Георгиевски.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина застана да земе здив

Следно

Сите политички сили во С Македонија да ги поддржат уставните измени, нови барања нема да има – порака од „Вајмарската тројка“

Latest from Blog

Меси и другарите се спасија од голем срам!(ВИДЕО)

ФОТО.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лео Меси продолжува да испишува историја, а Аргентина продолжува да ја брани титулата откако вечерва во Мајами успеа да слави со. 3:2 против Зеленортските Осторви, а во 1/8 финалето “Гаучосите“ ги

Дали на повидок е најголемата сензација во историјата?! Аргентина и З.Острови ќе играат продолженија!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Аргентина – З.Острови 1:1 по регуларниот дел од мечот од 1/16 финалето кој се игра во Мајами. Па така овој натпревар оди во продолженија 2Х15 минути. Дали на повидок е најголемата

Кој се кладел на 400.000 долари ДЕКА ПУТИН ЌЕ ЗАМИНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Анонимен корисник инвестирал околу 400.000 долари на платформата за крипто обложување Polymarket, предвидувајќи дека Владимир Путин нема да биде претседател на Русија на крајот од 2026 година! Мистериозниот облог привлече големо внимание

Во СДСМ ќе се дискутира за тоа што барала Славјанка Петровска на настан на „нова демократска платформа“

Органите и телата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) идната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката од партијата и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие
Go toTop