„Договорот за црноморското жито е суспендиран“, објави Кремљ

July 17, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Договорот за транспорт на жито преку црноморскиот коридор е суспендиран и дека Русија ќе продолжи со Договорот кога ќе бидат исполнети условите, известува Анадолу.

Песков зборуваше за Договорот за Црноморскиот коридор за жито, кој истече денес.

„Договорот за житниот коридор, всушност, дојде до својот крај, тој е суспендиран. Русија ќе се врати на Договорот за жито веднаш штом бидат прифатени релевантните услови. Делот од Договорот во врска со Русија не е исполнет“, наведе Песков.

Тој истакна дека суспензијата на Договорот нема врска со нападот врз кримскиот мост.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, истакна дека Москва веќе ги известила Украина, Туркије и ОН дека се противи на продолжување на Договорот за транспорт на жито.

Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули 2022 година во Истанбул потпишаа Договор за обновување на извозот на жито од три украински црноморски пристаништа што биле блокирани по почетокот на војната меѓу Русија и Украина.

Во Истанбул е воспоставен Заеднички координативен центар, составен од трите земји и ОН, кој ги надгледува пратките.

На 1 август 2022 година исплови првиот брод според историскиот договор од украинското пристаниште Одеса.

Туркије, која доби меѓународни пофалби за својата единствена посредничка улога меѓу Украина и Русија, повеќепати ги повика Киев и Москва да ја завршат војната со преговори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На утрешната владина седница Бектеши ќе ги образложи сите документи и судски одлуки за спојување на концесиите за рудникот, најави Тренчевска

Следно

НИКОЛА РИСТАНОВСКИ ДОБИ ФИЛМСКА НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ПАЛИЌ ВО СРБИЈА

Latest from Blog

Меџити: Чаир добива четирилентен булевар со зелени појаси и велосипедски патеки

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргјиевски, денес беа на терен за да го најават почетокот на реализацијата на булеварот „Митхат Фрашери“ во Чаир. Проектот

НЕМА КРАЈ НА ТРАНСАТЛАНСКАТА ЕРА, тоа не е цел на САД, не се дистанцираме од Европа, сакаме да биде посилна

Државниот секретар на САД Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство. „Сакаме Европа да

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка: Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

По повод празникот Св. Трифун, кој важи за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Неготино упати честитки

Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана

Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров. Станува збор за една од најбрзите и најмасовни
Go toTop