И „Вајмарската тројка“ доаѓа во земјава да разговара за преговорите со ЕУ и уставните измени

July 17, 2023
1 min read

Француската државна секретарка и министрите од Германија и Полска треба да одржат средба со Пендаровски, Џафери, Ковачевски и Маричиќ, но и со координаторите на пратеничките групи во Собранието

„Вајмарската тројка“ составена од високи владини функционери на Франција, Германија и на Полска денеска доаѓа во земјава со цел да разговара со државниот врв, но и со пратениците, за процесот на преговори на Северна Македонија со ЕУ и обврските што ги има државата на тој пат, меѓу кои се и уставните измени.

„Вајмарската тројка“ ја сочинуваат државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Лоранс Бун, германската министерка за Европа и клима Ана Лирман и полскиот министер за ЕУ Шимон Шинковски вел Сенк.

Како што информира Секретаријат за европски прашања (СЕП), домаќин ќе им биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со кого тие ќе одржат работен состанок, а тема на разговор ќе бидат преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од Преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Покрај со вицепремиерот Маричиќ, „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со координаторите на пратеничките групи.

Ова е втора министерска тројка што за помалку од една недела доаѓа во Скопје. Минатиот четврток, во „Славков“ или „Аустрелиц“ формат на средби во Северна Македонија беа министрите за надворешни работи на Австрија – Александар Шаленберг, Чешка – Јан Липавски и Словачка – Мирослав Влаховски.

Тие испратија порака дека ако нема уставни измени на земјава ѝ се заканува да биде исфрлена од патот кон ЕУ.

Тројцата министри одржаа средба и со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на која присуствуваше и партискиот лидер Христијан Мицкоски, по што од опозициската партија соопштија дека го повториле ставот оти уставни измени под бугарски диктат нема да бидат поддржани и дека државата итно треба да се фокусира на завршување на вистински реформи на системот кои ќе значат вистинска европеизација.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повторно оштетен мостот што ги поврзува Крим и Русија – двајца загинати

Следно

Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот на мостот на Крим

Latest from Blog

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop