Купувале производи со поминат рок, па го менувале датумот или етикетата, уапсени 27 лица во Литванија и во Италија

July 14, 2023
2 mins read

Осомничените набавувале огромни количини храна и пијалаци со поминат рок. Потоа користеле хемикалии за да го избришат датумот на истекување отпечатен на поединечни производи и повторно да испечатат нов. Во други случаи, била фалсификувана и нанесена сосема нова етикета, со што се добивал впечаток дека пакуваната храна или пијалак се сè уште свежи и безбедни за консумирање, се наведува во извештајот на „Европол“

ФОТО: „Европол“

Дваесет и седум лица се уапсени во Литванија и во Италија откако полицијата открила криминална мрежа што оперира со повторно воведување храна со поминат рок во синџирот на снабдување.

„Искористувајќи ги ранливостите во синџирот на снабдување, првично предизвикани од пандемијата на ковид-19, осомничените почнале да набавуваат огромни количини храна и пијалаци со поминат рок. Тие потоа користеле хемикалии за да го избришат датумот на истекување отпечатен на поединечни производи и повторно да испечатат нов. Во други случаи, фалсификувана е и нанесена сосема нова етикета, со што се добива впечаток дека пакуваната храна или пијалок сè уште се свежи и безбедни за консумирање. Ваквата храна е опасна за човекот и може да претставува сериозен ризик за јавното здравје“,

се вели во соопштението од „Европол“.

Овој специфичен начин на работа, се додава во соопштението, е откриен и се следи како дел од ОПСОН, голема истрага за прехранбената индустрија координирана од „Европол“.

Последователните истраги предводени од земјите членки и координирани од „Европол“ доведоа до две насочени операции. 

„На 23 мај 2023 година, литванската полиција и органите за спроведување на законот од другите земји членки, координирани од ‘Европол’ и од ‘Европравда’, разбија организирана криминална група која на пазарот требало да воведе милиони прехранбени производи со поминат рок, а кои имале сменети етикети. Осомничените, кои исто така се под истрага за измама со ДДВ од големи размери, се верува дека оствариле најмалку еден милион евра профит од нивната измама со менување етикети. Службениците, кои извршиле 70 претреси и прегледи на магацини, заплениле опрема за промена на рокот на употреба на производите. Оваа опрема вклучува растворувачи, печатачи и етикети. Вкупно над еден милион пакувања со храна и пијалоци се пронајдени и спречени да влезат на пазарот“,

се додава во извештајот на „Европол“.

Втората акција, како што се додава во соопштението, е од 11 јули 2023 година, кога се уапсени три лица.

„Италијанските карабинери со поддршка на италијанската финансиска полиција извршија 14 претреси и запленија повеќе од 500 илјади производи храна и пијалаци, како и опрема што ја користеле криминалците. Многу од запленетите прехранбени производи не само што беа со истечен рок туку и беа веќе расипани, што ја истакнува штетата што можеше да им се нанесе на потрошувачите. Криминалната мрежа собирала храна и пијалаци со поминат рок и ги заменила роковите со нови за да овозможи нивна препродажба. По повторното воведување на овие производи во синџирот на снабдување, постигнати се огромни добивки на грбот на несвесните потрошувачи“,

додаваат од „Европол“.

Оттаму велат дека оваа појава е нова и распространета низ неколку земји членки на ЕУ. Сепак, додаваат од „Европол“, нема вклученост на производители на храна.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едисон Кавани е пред трансфер во Бока Јуниорс

Следно

Почнa седумнаесеттиот меморијален турнир „Љубомир Рајчевски Рајче“

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop