Кина има над 200 пати поголеми капацитети за бродоградба од САД

July 13, 2023
1 min read

Највпечатливиот дел од презентацијата до која доаѓа Вор зоун, покажува дека капацитетот на кинеските бродоградилишта е 23.250.000 тони, наспроти американскиот капацитет од 100.000 тони, или разлика од 232,5 пати

Презентацијата ја има разликата и меѓу сегашната и идната состојба на американската и кинеската морнарица (PLAN – People’s Liberation Army Navy). Па ако во 2020 разликата била 60 пловила во корист на Кина (категорија која опфаќа се од борбени бродови, подморници, помошни бродови, амфибиски бродови), во 2035 се очекува оваа разлика да биде најмалку 158 пловила.

Од американската морнарица иако ја потврдуваат автентичноста на презентацијата порачуваат дека во нејзе не е крајната верзија на податоците, и дека слајдот е дел од „жив документ“.

Од Вор зоун објаснуваат дека на кинеските бројки значително влијае и двојната природа на кинеските државни бродоградилишта, кои работат и за цивилни и за воени потреби. Сепак останува тоа дека Кина ги има најголемите капацитети за бродоградба во светот, без разлика дали биле цивилни или воени, па во американските бројки дури и да се вклучат цивилните бродоградилишта, кинеската предност останува неспорна.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновска-Стојчевска на отворањето на „Охридско лето“: Без уметноста, животот би бил неподнослива празнина

Следно

Порака од ЕУ – ако нема уставни измени, на С Македонија ѝ се заканува да биде исфрлена од ЕУ-патот

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop