(ВИДЕО) Бајден на чај кај Сунак: Односите ни се цврсти како карпа

July 10, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се сретна со британскиот премиер Риши Сунак, а меѓу главните теми на разговор беше одлуката на САД да испрати касетни бомби во Украина, пренесува Би-би-си. На средбата Сунак порачал дека САД и Обединетото Кралство се двата најцврсти сојузници во НАТО, а во краткото видео на кое двајцата лидери пијат чај, претседателот Бајден вели дека односите меѓу двете земји се цврсти како карпа.

Повикувајќи се на изјава на портпаролот на Сунак, британските медиуми пишуваат дека премиерот останал на ставот дека ова оружје е контроверзно за Обединетото Кралство, како една од сто земји потписнички на Конвенцијата со која се забранува употребата на касетна муниција. Сепак, портпаролот потенцира дека тоа е тешка одлука за САД на која се присилени поради руската агресивна војна. Од друга страна, Бајден потенцира дека има гаранции од Украина дека оружјето нема да се користи против цивили и во урбани средини.

Претседателот на САД, Џо Бајден, во посета на кралот Чарлс

Во рамките на посетата на Лондон, Бајден се сретна и со кралот Чарлс, првпат по неговото крунисување.

Двајцата лидери се сретнаа во замокот Виндзор, каде што Бајден беше пречекан со официјална церемонија, а потоа учествуваа на тркалезна маса за климатските промени, на која присуствуваа претставници од добротворни организации и од финансискиот сектор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикатите и Владата постигнаа договор: Платите на вработените во јавниот сектор од септември ќе се зголемат за 10 отсто, ќе има исплата и на К-15

Следно

Османи: Одлични вести од Вилнус, приклучувањето на Шведска во НАТО е најважниот политичко-безбедносен настан

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop