Американските касетни бомби немало да бидат толку касетни како руските

July 10, 2023
1 min read

Правдајќи го ваквиот потег, Бајден во интервју објасни дека ова е одлука која многу тешко му паднала да ја донесе, ама дека морало да биде направено затоа што на Украинците им снемувало муниција.

Подоцна советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливен, признавајќи дека касетните бомби претставуваат опасност за цивилите, објасни дека токму затоа толку време чекале пред да ја донесат одлуката. Во меѓувреме се сменило и тоа што на Украина драстично и снемало муниција, па и треба помош дур САД го кренат сопственото производство на муниција за да се задоволат и потребите на војната во Украина.

За разлика од другото оружје, контроверзноста на касетната муниција / бомби е заради нивната стапка на неуспешност. Касетна бомба во основа е пакет кој се отвора на одредена висина и сее бомби кои треба да експлодираат при удар. Проблемот е што голем број од овие бомби не експлодираат, туку со години лежат недопрени и стануваат опасност за цивилното население по завршувањето на војната.

Еден од олеснувачките аргументи што Саливен сака да ги пренесе е околу разликата меѓу нивната и руската касетна муниција. Па ако во американската касетна муниција бројот на неексплодирани бомби е околу 2,5%, во руската, по американски процени, тоа е некаде 30 до 40 проценти.

Се очекува дека на Украинците ќе им биде испратена касетна муниција што содржи по 88 бомби.

Над 120 држави низ светот се потписнички на Конвенцијата за касетни бомби, во која се обврзуваат дека нема да користат, произведуваат, чуваат и префрлаат таква муниција.

САД, Украина и Русија не се потписници на овој договор.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Музејот на Народната банка повторно отворен: Изложени околу 1000 монети распоредени во 36 витрини

Следно

(ВИДЕОАНКЕТА) Од сметот скопјани не си го препознаваат Скопје

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop