Миленковиќ Савиќ се сели во Саудиска Арабија

July 10, 2023
1 min read

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Како што дознава „Моцарт спорт“, играчот од средниот ред на Лацио од следната сезона ќе настапува за Ал Хилал, актуелниот шампион на таа земја.

Целата зделка за неговата преселба на Блискиот Исток би требало да чини околу 150.000.000 евра, вклучувајќи ја отшетата и платата на фудбалерот.

Да потсетиме, Ал Хилал веќе го доведе португалскиот тренер Жорж Жесус, плати 55.000.000 евра за играчот за врска Рубен Невес од Вулверхемптон и плати 27.000.000 за Калиду Кулибали од Челси.

Милинковиќ Савиќ треба да ја продолжи низата, но нема да заврши тука, бидејќи Ал Хилал работи на трансферот на Бернардо Силва.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фотогалерија од комуналниот колапс во Скопје

Следно

Американската полиција трага по осомничениот за вооружен напад во Кливленд

Latest from Blog

Трамп, Хегсет и Рубио доаѓаат на Балканот

„Сè уште не го знаеме точниот датум, има многу работи што се случуваат, но тој ќе дојде во Грција“, рече таа, според бриселскиот „Политико“. Таа додаде дека американскиот секретар за одбрана Пит
Go toTop