Бајден: Украина сè уште не е подготвена за влез во НАТО

July 9, 2023
1 min read

Претседателот на САД, Џо Бајден, во интервју за Си-ен-ен изјави дека прво треба да заврши руската агресија пред Алијансата да размисли да ја прими Украина во своите редови. „Украина сè уште не е подготвена за членство во НАТО“, порача Бајден

Бајден, во пресрет на европската турнеја и учеството на самитот на НАТО во Литванија, најавува дека прашањето за украинското приклучување кон Алијансата ќе биде отворено на собирот.

Фото: Си-ен-ен

„Не мислам дека има едногласност во НАТО за тоа дали Украина треба сега да влезе во Алијансата, токму во период кога е во војна. На пример, ако го направиме тоа, тогаш знаете дека НАТО има преземено обврска дека нема да отстапи ниту педа од територија која е во Алијансата. Тоа е обврска која сите ние ја презедовме, без разлика на сè. Ако војната трае, тогаш сите сме во војна. Тогаш ние би биле во војна со Русија“,

изјави американскиот претседател.

Бајден објаснува дека иако прашањето за членство на Украина во НАТО сè уште е далеку, САД и сојузниците ќе продолжат со воената поддршка за Киев за одбрана од Русија.

„Мислам дека треба да поставиме рационален пат за Украина да може да се квалификува за влез во НАТО. Но, мислам дека е прерано да се каже, да се повика на гласање сега, бидејќи има други критериуми кои треба да се исполнат, вклучително и демократизација на земјата“,

рече Бајден повторувајќи дека ги одбил барањата на рускиот претседател Владимир Путин, упатени пред војната, Украина да не стане дел од Алијансата.

Во петокот администрацијата на Бајден се согласи на Украина, како дел од пакетот воена помош, да ѝ достави касетна муниција, чекор кој го критикуваа неколку влијателни сојузници на Вашингтон.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медиуми: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Следно

(ВИДЕО) Арсовска го обвини Мицкоски за Комунална хигиена – таквите политичари се најголемото ѓубре

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се
Go toTop