Рама: Хероите да ги оставиме во минатото, на регионот сега му е потребна соработка и мир

July 7, 2023
1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама од Црна Гора денеска упати критика кон неговиот колега од Косово, Албин Курти велејќи дека кон него нема личен или институционален проблем, само спротивни ставови за справувањето со ситуацијата на северот на Косово

На денешната заедничка конференција на албанскиот премиер Еди Рама и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, меѓудругото се разговараше и за актуелната состојба на Косово и затегнатите односи на релација Тирана-Приштина по последните случувања, како и иницијативата „Отворен Балкан“.

Премиерот Рама во своето излагање кажа дека сè што повикува на неволја и конфликт во регионот е проблем и за нив, и тие како држава не се подготвени да бидат дел од него, туку напротив, треба да работат кон спротиставување на ситуациите на неволја бидејќи пред се, на регионот му е потребен мир и економски просперитет, а не приказни за херојство.

„Хероизмите припаѓаат на минатото, не ни требаат нови херои. Ајде да работиме како да ги зајакнеме нашите економии, рекол Рама и додал: „Не отидов во Приштина да се женам за Курти. Немам никаков личен или институционален проблем, само спротивни ставови за одредена ситуација“,

рече Рама.

Рама додаде и дека Курти живее во некој друг свет, додека тој самиот е со меѓународната заедница. За иницијативата „Отворен Балкан“ пак, Рама вели дека тоа не е негова приватна компанија туку заедничка иницијатива на трите земји кои членуваат, а според него иако оваа иницијатива носи поволности, сепак Берлинскиот процес е многу важен за регионот.

„Историјата покажа дека Црна Гора е вредна членка на НАТО. За нас е многу важно да соработуваме за загриженоста во регионот. Ние сме во друга фаза од нашата историја и генерациите никогаш нема да ни простат ако дозволиме регионот да се врати онаму каде што пропадна поради конфликтите кои предизвикаа крвопролевање и омраза меѓу земјите. Го информирав премиерот за процесот што се обидува да го обедини регионот и Берлинскиот процес каде сакам со единствен став да го искористиме Самитот во Тирана“,

изјави Рама.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид официјално го претстави турскиот „бисер“, неговата мајка во солзи радосници

Следно

Легендарниот Едвин ван дер Сар итно хоспитализиран во Сплит!

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop