(ВИДЕО) Зеленски до Радев: Да бевте на мое место, зарем ќе речевте – Путин, земи си ја Бугарија?

July 7, 2023
2 mins read

Ова не е конфликт, туку војна, категоричен бил претседателот на Украина, Зеленски, на средбата со бугарскиот претседател Радев

За тоа дека Радев всушност се фатил во небрано сведочи и неговата одлука снимателите со својата опрема да го прекинат снимањето и да ја напуштат просторијата во претседателската палата во која се одржувала средбата, со образложение дека со украинската делегација ќе продолжат да говорат за проблемите во енергетската сфера

Фото: Фејсбук/Румен Радев

Воената помош за Украина била водечка тема за време на разговорот меѓу украинскиот претседател Волдомир Зеленски и шефот на бугарската држава Румен Радев, која медиумите ја оценија како тензична. Причина за тоа е фактот дека Радев, како врховен командант на бугарската армија постојано се противи на секој обид на владата, Бугарија да и додели воена помош на Украина.

„Вие велите дека тоа го правите за да не ја ослабете вашата армија. Сакам да ви кажам дека вашата армија, се со што располагате не би можело да ви помогне доколку се случи судир и војувате со Русија, ако тие ви дојдат овде. Не дека армијата ви е слаба, имате моќна армија, но тоа не е доволно да се одбраните од земја која има 160 милиони луѓе. Затоа е добро да помогнете, за војната не дај боже да дојде до вас, до Романија, до Полска. Не дај боже вие како врховен командант да бидете во ситуација во каква што сум јас сега. Ако не ви помагаат со оружје тие со кои делите заеднички вредности, што ќе правите тогаш? Што ќе кажете, повели Путин, земи си ја територијата на Бугарија? Не, јас сум сигурен дека вие ако сте вистински претседател нема да правите компромиси со вашата држава, со нејзината сувереност и нејзинот територијален интегритет. Ваше право господине претседател е да не ја подржите Украина, но крајната цел на Путин не сме ние, туку ЕУ и НАТО, а вие сте членки и на двете организации. На прес-конференцијата која пред малку ја имавме, се слушнаа грмотевици. Јас не реагирав, но вашите новинари се исплашија. Замислете секој ден така да ви грмат руските ракети“,

му рекол Зеленски на Радев.

Зеленски му нагласил Радев дека не е во право кога наместо војна, за агресијата на Русија врз Украина го користи терминот конфликт.

„Тоа не е конфликт господине претседател. Путин не води војна, туку сака да не уништи. Со него нема договор. А, ние само сакаме да живееме.

рече тој.

За тоа дека Радев всушност се фатил во небрано сведочи и неговата одлука, снимателите со својата опрема да го прекинат снимањето и да ја напуштат просторијата во претседателската палата во која се одржувале средбата, со образложение дека со украинската делегација ќе продолжат да говорат за проблемите во енергетската сфера.

„Политико“, за средбата пишува дека двете делегации седнале една спроти друга на долга дрвена маса, а лицата на украинските претставници биле скаменети додека Радев објаснувал дека „нема воено решение“ и дека со повеќе оружје нема да се реши „конфликтот“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Столтенберг: Очекувам самитот на НАТО повторно да потврди дека Украина ќе биде членка во иднина

Следно

Шефот на ОН го осуди израелското насилство во Џенин и повика на почитување на меѓународното право

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop