Американци на екскурзија во Украина

July 6, 2023
2 mins read

Дејвид Брамлет е поранешна Зелена баретка кој уште во март тргнува кон Варшава, од каде треба да се префрли во странската легија во Украина. По пристигнувањето во Украина, Брамлет признава дека ситуацијата околу меѓународната легија е малку хаотична и дека ти треба малку среќа за да се снајдеш. Тоа што најмногу му останува во сеќавање од тој период е колку луѓе без никакво војничко или воено искуство се покренале и дошле во Украина.

„Стварно имаше некои морони волонтери кои нема што да бараат во војна,“ објаснува Брамлет.

На самото патување од Варшава до Лавов, Брамлет раскажува дека се среќава „со неколку странци со кои не сака да се бори рамо до рамо.“ И во Украина не е баш најзадоволен од квалитетот на странците што се присутни („имаше еден Германец, поранешен дрводелец, кој беше дојден со ловџиска пушка“). Неколку дена подоцна успева да најде уште две Зелени баретки со кои формираат интернационална екипа од околу 12 луѓе, за специјални операции.

„И потоа во основа ни дадоа наредба да одиме на Харков и ни рекоа ‘одете убијте колку можете повеќе Руси’,“ раскажува Брамлет.

По кратка обука и опремување со муниција и оружје, тие тргнуваат на Харков, каде немаат никаква конекција со украинската армија или со другите странски војници. Околу Харков се поврзуваат со тамошните единици, од кои добиваат список на задачи од кои сами бираат која ќе ја спроведат.

Брамлет објаснува дека ова е неспоредливо потешка војна од Ирак и Авганистан, каде имаш авијација, разузнавање, надзор, извидница.

„Најлошиот ден во Авганистан и Ирак е одличен ден во Украина. Дури и кога мислевме дека не е така, ние секогаш ја контролиравме ситуацијата… во споредба со тоа да бидеш командант на Украина, каде имаше бројни непознаници.“

Еден од примерите што го дава Брамлет е околу извидницата, па за извештајот од секоја извидничка мисија треба да чекаш да се вратат назад твоите луѓе, бидејќи електронските комуникации не се употребливи. Тоа се некои 24 или 48 часа „а ако двајца од нив се ранети, нема по тебе да дојде хеликоптер да те спаси… работите можат да тргнат на многу лошо, многу брзо.“

Како што доаѓа зимата Брамлет решава да ги пушти своите борци на распуст, бидејќи на ниските температури тие се далеку повидливи за инфрацрвените нишани на Русите, плус исчезната е целата вегетација која ги криеше летото и есента. Тој објаснува „се плашев дека ќе излеземе да го правиме тоа што нормално го правиме и во основа сите ќе загинеме.“

Планот на Брамлет е да се врати назад во јануари, ама тоа пропаѓа во моментот кога тој стапнува дома.

„Кога се вратив дома во декември тоа некако ми даде дистанца, простор да преанализирам сè што се случуваше бидејќи таму сум одговорен за цел тим и немам време да размислам за сè.

Малку како да се исклучив од сè, но тоа ми даде простор да се декомпресирам и одново да проценам. Па дојдов до заклучок дека не се враќам назад да се борам,“ раскажува Брамлет.

Тој и понатаму е во Киев и како дел од Ветерман фондацијата помага во откривање и транспорт на телата на Американци загинати во Украина.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјално: Арда Ѓулер нов фудбалер на Реал Мадрид

Следно

Започна фестивалот „Сан Фермин“ во шпанскиот град Памплона

Latest from Blog

Французите го кренаа гласот поради судиите, Дешамп порача: Тие не се нашиот противник

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека нема проблем со одлуката на ФИФА натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко да го суди аргентински судиски тим. Одлуката предизвика бројни

Русија го забрани извозот на дизел

Одлуката би можела дополнително да го зголеми притисокот врз глобалниот пазар на гориво, кој веќе е погоден од прекините во снабдувањето предизвикани од војната со Иран. Според податоците собрани од Блумберг врз

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција,

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за
Go toTop