Косовската полиција заплени 250 килограми тутун кој се шверцувал од Северна Македонија

July 6, 2023
1 min read

Возилото било запрено на влез во Гњилане и при проверка на задните седишта и во багажникот на автомобилот биле пронајдени 25 вреќи преработен тутун, тежок околу 250 килограми

Косовската полиција, Регионалната дирекција на Источната гранична полиција, по спроведувањето на мерките за спречување и сузбивање на шверцот, ги интензивираа тактичко-оперативните контроли на терен, со што на патот Станчиќ-Гњилане било запрено возило „бе-ем-ве“ со косовски регистарски ознаки, за кое единиците полицијата имале сознанија дека се занимава со шверцување стока од Република Северна Македонија во Република Косово.

Наведеното возило било запрено на влез во Гњилане и при проверка на задните седишта и во багажникот на автомобилот биле пронајдени 25 вреќи преработен тутун, тежок околу 250 килограми, за кој не постоел каков било документ за потеклото.

Во врска со случајот се преземени сите дејствија во соработка со косовското државно обвинителство и по наредба на надлежен обвинител стоката е испратена на царински терминал за понатамошна постапка.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралија: Метеж низ целата земја поради проблеми со аеродромските системи

Следно

Во обид да ја вратат струјата во селото, жители од Слупчане предизвикале огромен дефект кој оставил без струја три соседни села

Latest from Blog

Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава

Времето во четврток, 26 февруари, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Температурите

Мицкоски и Тошкоски ќе имаат плати од над 2.500 евра и покрај намалувањето на коефициентите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела пакет од предлог измени на шест закони со цел да се намалат платите на избраните и именуваните функционери за 10 до 13 илјади денари. Пакетот од шест

Во поплавите во Бразил загинаа најмалку 36 луѓе

Противпожарната служба на Минас Жераис соопшти дека 33 луѓе се водат како исчезнати, а поради надојдената вода околу 3.000 жители биле принудени да ги напуштат своите домови. Метеоролозите најавуваат нови обилни дождови
Go toTop