Австралија: Метеж низ целата земја поради проблеми со аеродромските системи

July 6, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Патниците на аеродромите низ Австралија денес се соочија со значителни доцнења при пријавувањето за меѓународни летови поради прекини во системот, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Патниците чекаат во долги редици за да им се обработат пасошите. Прекинот особено влијаеше врз технологијата за скенирање на визите што се користи за патниците што ја напуштаат земјата.

Портпаролот на австралиските гранични сили потврди дека прекинот на ИТ се случил кај давателот на услуги одговорен за управување со системите за напредна обработка на патници (АПП).

Овие системи проверуваат кај авиокомпаниите дали патниците имаат дозволи и валидни документи за излез од земјата пред да се качат во авионот.

„Во моментов имаме многу долги редици за меѓународни чекирање“, изјави Ендрју Лунд од аеродромот во Мелбурн за радиостаницата 3AW.

Лунд рече дека и другите аеродроми во земјата се погодени од проблемите.

Локалните медиуми објавија дека, каде што е можно, персоналот на австралиските гранични сили рачно ќе ги проверува деталите за патниците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку четворица загинати во руски напад на станбен блок во Лавов

Следно

Косовската полиција заплени 250 килограми тутун кој се шверцувал од Северна Македонија

Latest from Blog

Божиновска: Сигурното снабдување со струја и заштитата од ценовни шокови се наши приоритети

Владата ги презема сите мерки за да ги заштити граѓаните од ценовни шокови и да обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во

ВЛЕН: Насилството не може да се оправда со униформа

ВЛЕН бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади од Сарај кои пријавиле малтретирање од полициски службеници и одговорност доколку истрагата утврди пречекорување на овластувањата или прекршување на законот. Од партијата изразуваат

Божиновска: Нова стратегија за искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија

Со Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година се поставува долгорочна рамка за подобро искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија, истакна министерката за

ФЕРО ИНВЕСТ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ПОДДРЖУВА МЕЃУНАРОДНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни
Go toTop