Најмалку четворица загинати во руски напад на станбен блок во Лавов

July 6, 2023
1 min read

Градоначалникот Садови, во објава на неговиот канал Телеграм, посочи дека спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда

ФОТО: EPA-EFE/MYKOLA TYS

Најмалку четири лица се повредени, а 32 се повредени откако руска ракета утрово погоди станбена зграда во западниот украински град Лавов, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови вели дека ова е „еден од најголемите напади“ врз цивилната инфраструктура на градот.

Тој објави видео на кое се гледаат скршени прозорци во погодената зграда, која изгледа дека има четири ката, а на снимката се гледаат и оштетени автомобили.

„Многу станови се оштетени – повеќе од 50“,

вели градоначалникот во кратката видео порака.

Садови, исто така, вели дека голем број покриви на згради биле однесени, а оштетени биле и едно училиште и студентските домови на универзитетот.

Градоначалникот Садови во објава на неговиот канал Телеграм посочи дека спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда. Тој рече дека улицата ќе остане затворена се додека работниците од итната помош не ги исчистат остатоците и не ги извлечат сите лица кои се под урнатините.

Регионалниот гувернер Максим Козитски вели дека во градот била погодена критична инфраструктурна установа, но, не даде детали.

„Главната цел на Русија е уништување на украинскиот народ. Но, ние ќе победиме“,

рече Козитски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „конкретен  одговор“ на рускиот ракетен напад врз станбен блок во градот Лавов, во западна Украина.

„Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи. За жал, има загинати и повредени. Дефинитивно ќе има одговор на акциите на непријателот. И тоа конкретни“,

рече Зеленски во објавата на каналот Телеграм.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Содик нов фудбалер на Работнички

Следно

Австралија: Метеж низ целата земја поради проблеми со аеродромските системи

Latest from Blog

Беше секс симбол, а сега е на раб на егзистенција- Мики Рурк на чекор да стане бездомник: Не барам милостина

На 73 години, актерот се соочува со финансиски и правни предизвици, дури и го доведува својот дом во Лос Анџелес во опасност поради долг од 60.000 долари за неплатена кирија. Во недела,

Бил Гејтс ѝ дал 8 милијарди долари на поранешната сопруга за да основа фондација

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ѝ испратил речиси осум милијарди американски долари на поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс за добротворни цели, со што нејзината фондација стана една од најголемите непрофитни организации во

Дали вашата врска има иднина?

Без разлика колку време се забавуваме со партнерот, прашањето „Каде води ова“ си го поставуваме постојано. Сите имаме различни нивоа на „сериозно“ кога станува збор за врските. За некого тоа е објавување
Go toTop