Курти: Собираме информации за тврдењата дека СПЦ е вмешана во шверц со оружје

July 5, 2023
1 min read

Британска пратеничка вчера излезе со тврдења дека со возила на итна медицинска помош од Србија во Косово се шверцува оружје и се остава во православните цркви. Од КФОР, пак, потврдија дека такво нешто било пријавено, но наведоа дека не биле пронајдени докази дека тоа се случувало

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека се собираат информации за тоа дали Српската православна црква (СПЦ) е вмешана во шверц на оружје во Косово, тврдење кое претходно го изнесе британска пратеничка.

„По состанокот со безбедносните институции, претставниците на НАТО и КФОР во текот на оваа недела, ќе бидат познати информации во врска со тврдењата дека во српските православни цркви во Косово се шверцува оружје“,

изјави Курти.

Ова доаѓа откако британската пратеничка и претседателка на Одборот за надворешна политика во британскиот парламент Алиша Кренс ја обвини СПЦ дека учествува во шверц на оружје од Србија во Косово.

Во говор во парламентот во Велика Британија вчера таа рече дека оружје од Србија се шверцува со возилата за итна медицинска помош и се истовара во православните цркви.

„Во Владата се свесни, со војниците кои штотуку се вратија од служба во КФОР, дека оружје се шверцува преку со возила на итната помош до православните цркви. Кога нашите трупи се обидуваат да добијат дозвола да отидат таму, дозволите се чекаат предолго. До моментот кога ќе се добие дозволата, итната помош повторно се појавува во црквите и го вади оружјето“,

рекла Кренс, пренесоа вчера регионалните медиуми.

По ова, доцна синоќа со реакција се јавија од Рашко-призренската епархија од каде наведоа дека станува збор за обвинување со кое се криминализира СПЦ, но и за тврдења кои се злоупотребуваат од одредени косовски медиуми за ширење верска и етничка омраза што директно ги загрозува свештениците, монасите и верските објекти. Од епархијата побараат итно да се проверат наводите на пратеничката.

Од КФОР, пак, се огласија дека такво нешто било пријавено лани од Кралскиот фусилиски баталјон кој беше ангажиран да служи на северот на Косово за поддршка на мисијата.

„Наводното илегално присуство на оружје пријавено е во штабот на КФОР, но по истрагата за да се проверат наводите, не беа пронајдени докази за тоа што беше пријавено“,

соопштија од КФОР.

Оттаму додадоа и дека безбедносните институции на Косово се оние што се одговорни за владеење на правото во земјата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Дваесет лица, од кои 5 службеници во МВР, се осомничени за шверцување луксузни автомобили

Следно

Песков: „Реална е заканата на Украина дека ќе ја нападне нуклеарната централа Запорожје со беспилотни летала или ракети“

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air

Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

ИСТАНБУЛ (АА) – Сè поагресивните политики на Израел под сегашната администрација го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде овие изјави
Go toTop