Наке Георгиев и официјално е единствен кандидат од Врховен за член на Судскиот совет кој вчера запре постапка против него

July 5, 2023
1 min read

Советот денеска ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови за местата кои се испразнија откако по сите контроверзии оставки си поднесоа врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски, кој е судија во скопска Апелација

Судијата Наке Георгиев од Врховниот суд остана единствен кандидат од редовите на врховните судии за член на Судскиот совет.

Советот денеска ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови за местата кои се испразнија откако по сите контроверзии оставки си поднесоа врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски кој е судија во скопска Апелација. Георгиев е единствен кандидат за местото на Радевска-Стефкова.

Утврдувањето на листата следува откако претходно Комисијата за подготовка на кандидатските листи го изготви списокот и потоа истече рокот од 48 часа за приговори од кандидати кои не се најдоа на неа. Со оглед дека Георгиев бил единствен кој конкурирал, за листата немало приговори.

За утврдување на листата, „за“ гласаа речиси сите членови на Судскиот совет односно деветмина од десет присутни. Единствена „против“ беше поранешната претседателка Весна Дамева.

„Одлучив гласно да молчам и со молчење да го бранам мојот став против“,

рече Дамева.

Претседателот на Советот, Сашко Георгиев, пак, не гласаше бидејќи беше отсутен од седницата со која претседаваше заменик-претседателот Ханиф Зендели. Покрај утврдувањето на кандидатската листа, Судскиот совет денеска формираше и Комисија за спроведување на изборите и донесе решение за нивно одржување на 13 јули годинава.

Името на судијата Наке Георгиев, кој е на чекор да стане член на Судскиот совет, периодов е во фокусот на јавноста бидејќи против него се водеше постапка за утврдување одговорност во периодот кога тој беше претседател на Апелацискиот суд во Штип. Меѓутоа, симптоматично е што вчера на затворен дел од седницата Судскиот совет реши да ја запре постапката против Георгиев откако предметот за него беше држен во фиока неколку месеци. За истиот случај за кој се водеше постапка против овој судија за периодот кога тој беше на чело на штипска Апелација, пак, претходно беа разрешени тројца судии.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Гугл му пукна филмот, има да собира сè што објавувате на интернет

Следно

Бројот на загинати во поплавите по пробивањето на браната „Каховка“ порасна на 50

Latest from Blog

Македонската берза со неделен промет од 85,26 милиони денари, најтргуван Алкалоид

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 85.262.209 денари, од кои

Арсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!

Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите

Мелони: Верував дека со Трамп ќе биде полесно, но испадна поинаку

За време на разговорот, воден на италијански јазик во салон до нејзината канцеларија во Рим, Мелони понекогаш изгледаше смирена, а понекогаш борбена, во исто време духовита и решителна, според „Њујорк тајмс“. Во
Go toTop