Русија не сака да го обнови Договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море

July 4, 2023
1 min read

Во соопштението на руското МНР се вели дека иницијативата овозможила испорака на украинско жито до земји кои имаат високи или средни приходи, но не и помош за оние на кои им е најпотребна во Африка, Азија и Јужна Америка

На помалку од две недели пред истекот на Договорот што и дозволи на Украина да извезува жито преку Црно Море, руските власти денеска велат дека не гледаат основа за обновување на тој Договор.

Во соопштението од руското Министерство за надворешни работи се вели дека Русија прави се за бродовите опфатени со Договорот да можат да го напуштат Црното Море пред неговото истекување на 17 јули.

Претседателот на Русија Владимир Путин уште минатиот месец изјави дека Москва размислува за суспендирање на Договорот за извоз на украинското жито. Причината зошто Русија веќе подолго време се заканува дека ќе се повлече од Договорот е поради тоа што, како што велат, не се исполнети ветувањата дека ќе може да извезува сопствено жито и ѓубриво. Кон средината на мај Москва се согласи да го продолжи Договорот за два месеци и тој важи до 17 јули.

Во соопштението на руското МНР се вели дека иницијативата овозможила испорака на украинско жито до земји кои имаат високи или средни приходи, но не и помош за оние на кои им е најпотребна во Африка, Азија и Јужна Америка. Петте најсиромашни земји – Етиопија, Јемен, Авганистан, Судан и Сомалија добиле само 2,6 отсто од извезеното жито, а ситуацијата се влошува кога станува збор за руското жито и ѓубриво.

„Под овие услови, очигледно е дека нема основа за продолжување на Црноморската иницијатива, која истекува на 17 јули“,

се вели во соопштението.

Русија тврди дека не гледа напредок во голем број нејзини барања, вклучително и повторно поврзување на нејзината државна Земјоделска банка со меѓународниот платен систем СВИФТ (SWIFT).

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи, Марија Захарова истакна дека предлогот на ЕУ за формирање посебна филијала на банката што би можела да користи СВИФТ е неостварлив.

Обединетите нации и Турција во јули минатата година посредуваа во договорот меѓу двете завојувани страни (Русија и Украина) со кој ѝ беше овозможено на Украина, која е една од клучните житници во светот, да испорачува храна и ѓубрива од трите нејзини пристаништа на Црното Море.  

Во април годинава, Полска, Унгарија и Словачка донесоа одлуки за привремено прекинување на увозот на жито и други земјоделски култури од Украина поради стравувања дека презаситеноста со овие култури ги намалува цените и ja загрозува продажбата од страна на локалните земјоделци.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Словенец е нов селектор на фудбалската репрезентација на Косово

Следно

Пресуда на Апелација за „Титаник“: Пониска затворска казна за Јанакиески, условна за Јанкулоска

Latest from Blog

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди

Божиновска: Жените инженери се двигател на енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати порака по повод Меѓународниот ден на жените во инженерството, истакнувајќи дека жените сè почесто ја менуваат сликата во енергетскиот сектор и придонесуваат

ВЛЕН: До 10.000 евра за млади кои сакаат да започнат сопствен бизнис

Со објавувањето на јавниот повик за мерката за самовработување започнува имплементацијата на Оперативниот план за вработување 2026, кој, според ВЛЕН, претставува значајна можност за граѓаните и развојот на претприемништвото. Преку оваа мерка,

Коњановски: Четврта година по ред летна пракса за 40 студенти во Општина Битола

Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ова лето, по четврти пат, ја организира универзитетската летна пракса, со цел унапредување на практикантската работа и поголемо вклучување на
Go toTop