Петер Стано: ЕУ спроведе мерки против Косово бидејќи Приштина не ги презеде потребните чекори

July 4, 2023
1 min read

Главниот портпарол за надворешна и безбедносна политика на Европската комисија, Петер Стано, потврди дека ЕУ решила да спроведе низа мерки кон Косово зашто владата во Приштина не ги презела потребните чекори за деескалација на ситуацијата. Стано за Танјуг изјави дека привремено е прекината работата на телата за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, дека е решено Косово да не биде покането на настани на високо ниво и дека сите посети ќе бидат суспендирани, со исклучок на оние што имаат за цел решавање на кризата на северот на Косово во рамките на дијалогот поддржан од ЕУ.

„Во мирување е и програмирањето на средствата за Косово во рамките на ИПА 2024. Предлозите презентирани од Косово во рамките на инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) не беа доставени на разгледување од Одборот на ВБИФ на 29-30 јуни“.

рече Стано.

Стано додаде дека властите во Приштина биле известени за овие мерки уште минатата среда. Според него, овие мерки се привремени и може да се укинат во зависност од развојот на ситуацијата на терен и чекорите за деескалација на ситуацијата. Според Стано, ЕУ исто така внимателно следи дали Србија ги исполнува барања на ЕУ.

Косовски полицајци на северот од Косово

Според Стано, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел бил многу јасен кога, во име на членките на ЕУ, кажал што се очекува во наредниот период.

„Очекуваме Косово да дејствува во насока на намалување на тензиите и веднаш да ги прекине полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово. Градоначалниците на општините мора привремено да ги извршуваат своите должности во други објекти, а не во општински згради. Во сите четири општини да се распишат предвремени избори и да се организираат на целосно инклузивен начин“,

вели Стано.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија и Украина бараат продолжување на Договорот за жито

Следно

Од над 15 илјади нови средношколци, повеќе од две третини се запишале во стручно образование

Latest from Blog

Димитровски: Со „Energy Community“ ги утврдуваме потенцијалите за обновлива енергија во Битола

Претставници на општина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје. Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, се

Милошоски: СДСМ остави отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за Македонскиот јазик во ЕУ

Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, објави Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил, кој го пренесуваме во целост. „Една од тезите со која Филипче ја

ПАРИЗ ЈА ЗАПИРА ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА, ако Ле Пен стане претседателка на Франција

Франција драматично ќе ја промени својата надворешна политика и целосно ќе ги замрзне сите финансиски и економски инјекции за Украина во рок од само шест месеци доколку таа победи на претстојните претседателски

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и
Go toTop