Белград: Делот од училиштето каде што се случи масакрот целосно ќе се реконструира, ќе има и меморијален центар

July 4, 2023
1 min read

Одговарајќи на прашање за меморијалниот центар, министерот Благојевиќ рече дека тоа е тема на разговор со родителите и учениците, како и со семејствата на жртвите и ќе се направи она што ќе биде договорено, но извесно е дека дел од школото ќе биде пренаменет за таа цел

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српските власти најавија дека за два дена (на 6 јули) почнува реконструкција на дел од училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград каде што пред два месеца 13-годишен ученик го уби школскиот чувар и девет деца, а рани шест ученици и наставничка.

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Марко Благојевиќ, за РТС најави дека реконструкцијата почнува и таа ќе опфаќа целосна санација: ѕидовите, подовите, осветлувањето, столаријата, тоалетите. Сè што е неопходно, вели тој, за децата да може да посетуваат настава во пристојни услови.

За зафатот српските власти ќе потрошат 18 милиони динари (околу 150 000 евра).

„Станува збор за зафати кои реално е можно да се изведат за ова време кое ни преостанува до почетокот на училишната година. Во прашање се нешто помалку од два месеца и тоа се работи за адаптација и санација на ентериерот на тој дел од училиштето“,

вели министерот Благојевиќ за РТС.

Според најавите, делот од училиштето во кој се случи масакрот најверојатно ќе биде претворен во меморијален центар, а дел ќе биде наменет за настава.

Одговарајќи на прашање за меморијалниот центар, министерот Благојевиќ рече дека тоа е тема на разговор со родителите и учениците, како и со семејствата на жртвите и ќе се направи она што ќе биде договорено.

„Извесно е дека ќе се направи меморијалниот центар“,

вели министерот.

Во ова школо учат 1 100 ученици, распоредени се во 42 паралелки од прво до осмо одделение. Со реконструкцијата и пренамената на дел во меморијален центар, како што уверуваат надлежните, ќе има доволно простор за сите ученици.

Од масакрот во училиштето поминаа два месеца, по што учебната година беше завршена порано, а едно од барањата на родителите беше целосно да се реконструира училиштето со цел од септември наставата да се одвива вообичаено.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Поради опасност од невреме откажани над 1.700 лета

Следно

Испратена одлична понуда до Интер за Онана – „нераѕурите“ ја одбија

Latest from Blog

Брисел го гледа Коридор 8 како стратешка врска за Европа и снабдувањето со критични минерали

Македонија, Бугарија и Албанија имаат значајна геостратешка положба во развојот на паневропската транспортна инфраструктура, која треба да овозможи побрз и поефикасен транспорт на стоки од Црното до Јадранското Море, а потоа и

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу

ФИФА ќе отвори истрага за прошталниот меч на Меси?

Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација би можел да добие неочекуван пресврт. Во јавноста се појавија наводи за можна истрага на ФИФА поврзана со натпреварот меѓу Аргентина и

Божиновска: Пред студентите во Виена ги претставивме приоритетите на македонската енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија, на кое разговараше за енергетската иднина на Македонија и предизвиците со кои се соочува секторот.
Go toTop