11. Mеѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2023“

January 18, 2023
1 min read

По 11. пат денеска и утре ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2023“ со наслов „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“ во организација на Центарот за напредни истражувања. Годинава, конференцијата ќе се одржи со физичко присуство и онлајн преку платформата Зум.

Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален, регионален развој“. За конференцијата се пријавени 47 трудови, презентации од 12 земји.

 

Свое обраќања на конференцијата, како што најавуваат организаторите, ќе имаат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, претседателот на Програмскиот комитет на конференцијата, Рубин Земон, членот на Програмскиот комитет и претседател на Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство (МИРАС) од Баку, Фариз Калили, членот на Програмскиот комитет на турскиот Универзитет „Ајдин Аднан Мендерес“, Ахмет Ајтач и уредникот на „Журналот за глобални процеси“ од Мајами, Зоран Виторовиќ.

Конференцијата се одржува во партнерство со МИРАС, Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ и списанието „Журнал за глобални процеси“

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Британскиот милијардер Ретклиф сака да го купи Манчестер јунајтед

Следно

Само зелено, луѓенца

Latest from Blog

Денеска на Мундијалот: Со самба против “Самураите“, Германија треба и мора, дербито е Холандија – Мароко

ФОТО:facebook.com/Brasilnationalfootballteamforever/ Во текот на денешниот ден на програмата се три супер интересни мечеви од 1/16 финалето на Мундијалот. Бразил – Јапонија, Германија – Парагвај и Холандија – Мароко. Бразил, предводен од Карло

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници

Николоски: Следува најголемата реформа во Железницата, потпишан грант со Светска банка

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на

Николоски: Следува набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање
Go toTop