Франција: Во Лион полицијата со солзавец растера екстремно десничарска група

July 3, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – За време на протестите во Франција, што започнаа по полициското убиство на 17-годишник, полицијата во Лион со солзавец разби екстремно десничарска група, јавува Анадолу.

Локалните медиуми објавија дека за време на демонстрациите синоќа биле приведени 49 лица.

За време на тензичните моменти во градот Нојли-сур-Марн, полицијата одговори со солзавец кон демонстрантите.

Во Лион демонстрантите фрлаа предмети врз специјалната полициска единица.

Според соопштението од Кабинетот на гувернерот, група екстремни десничари се собрала пред Градското собрание.

Протестите низ земјата поради убиството на Нахел М., 17-годишен тинејџер со алжирско потекло, продолжуваат да ја потресуваат Франција.

Нахел беше застрелан од полицаец од непосредна близина во вторникот во париското предградие Нантер.

Полицаецот се соочува со формална истрага за убиството и одреден му е притвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ си го избра Беким Незири за местото на „огнениот“ Изет Меџити во Чаир

Следно

Релативно мирна ноќ во Франција, Макрон им наложи на министрите да ги вратат редот и безбедноста во градовите

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop