Си-Ен-Ен: Зеленски стравува од губење на двопартиската подршка во САД

July 2, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјавил дека стравува од губење на двопартиската поддршка во САД, откако добил, како што ги нарекува „опасни пораки кои доаѓаат од некои Републиканци“, пренесува Си-Ен-Ен.

Обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски во американскиот Конгрес, Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

„Мајк Пенс не посети и тој ја поддржува Украина. Првенствено како Американец, а потоа и како Републиканец. Имаме двопартиска поддршка. Сепак, има различни пораки од нивните кругови кога станува збор за поддршка на Украина. Има пораки кои доаѓаат од некои Републиканци, некогаш опасни пораки, дека подршката може да се намали“,

ја пренесува Си-Ен-Ен изјавата на претседтелот на Украина, Володимир Зеленски.

Оваа изјава Зеленски ја дал за шпанските медиуми кои ја следат посетата на шпанскиот премиер Санчез на Украина. Во истата прилика, украинскиот претседател кажал и дека независно кој ќе победи на следниот претседателски избори во САД, задржувањето на двопартиската поддршка е „најважното нешто за Украина“.

Во својот текст, Си-Ен-Ен потсетува дека прашањето дали САД треба да продолжат да ја поддржуваат Украина во борбата против руската инвазија веќе предизвиува поделби во Републиканската партија. Општо земено, има два „кампа“. Едниот е предводен од поранешниот претседател Доналд Трамп и гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, имаат став дека САД се премногу вмешани во поддршката на обидите на Украина да ја одбие руската инвазија. Другиот камп го предводат повеќе поранешни функционери во администрацијата во Трамп, кои се залагаат за уште поагресивен став кон Русија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Веа потпиша за Јувентус

Следно

Челзи испрати понуда за Душан Влаховиќ

Latest from Blog

ПАРИЗ ЈА ЗАПИРА ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА, ако Ле Пен стане претседателка на Франција

Франција драматично ќе ја промени својата надворешна политика и целосно ќе ги замрзне сите финансиски и економски инјекции за Украина во рок од само шест месеци доколку таа победи на претстојните претседателски

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop