Ахмети: Од мене нека почне истрагата за сите функционери од ДУИ и за делувањето на партијата од 2002 година наваму

July 2, 2023
1 min read

Меѓу останатото, лидерот на ДУИ ги повика државните институции, доколку имаат сомнеж, да поведат истрага и против неговиот внук Дрин Ахмети, за кого медиумите открија дека е сопственик на една од компаниите која го купува Бизнис-центарот „Соравија“ во Скопје

Почнувајќи од мене, нека се отвори истрага за сите функционери од Демократската унија за интеграција и за целокупната активност на ДУИ од 2002 година до сегашниот момент.

Ова во изјава за ТВ 21 денеска го кажа првиот човек на владејачката ДУИ, Али Ахмети, по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево. Тој одговараше на новинарско прашање во врска со одлуката на Стејт департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.

Првпат говорејќи на оваа тема, Ахмети кажа дека Мерко мора да се соочи со истрагата, но и дека струшкиот градоначалник воопшто не се противи на такво нешто бидејќи, како што кажа, тој е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ.

„Да се отвори истрага за целокупната активност на ДУИ од 2002 година до сегашниот момент. Не можеме да бидеме обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината. Тоа им припаѓа на органите на правдата. Цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене“,

рече Ахмети во изјавата за ТВ 21.

Меѓу останатото, лидерот на ДУИ ги повика државните институции, доколку имаат сомнеж, да поведат истрага и против неговиот внук Дрин Ахмети, за кого медиумите открија дека е сопственик на една од компаниите која го купува Бизнис-центарот „Соравија“ во Скопје.

„Ни Дрин не може да ја избегне истрагата – за ова нема да има пречка и нема амнестија или засолниште од моја страна. Се што ги интересира државните органи, слободно нека вршат истраги за да се открие вистината“,

додаде Ахмети.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ричард Трети“ на Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театари

Следно

Веа потпиша за Јувентус

Latest from Blog

„Виноскоп“ продолжува динамично: Школка повторно центар на случувањата

Втората вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп ја разигра Школка со музика, вкусови , безбројни наздравувања и одлично расположение под отворено небо.Публиката уживаше во винската понуда, гастрономските содржини и програмата со

Се реализира исплатата на повратот од „МојДДВ“ за првото тромесечје од 2026 година

Управата за јавни приходи ја отпочна исплатата на средствата од повратот на ДДВ за периодот јануари – март 2026 година. Исплатата, информираат од институцијата, се спроведува етапно, согласно динамиката на обработка на

Средба Николоски – Битов: Поддршка за Македонија преку дијаспората и инвестиции

ОВицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на иницијативата „Македонија 2025“ и нивни блиски соработници, во рамки на Самитот „Македонија 2025“. На средбата присуствуваа долгогодишните пријатели

Коцевска: Во „Пулс“ немало реконструкција, туку внатрешно уредување – спор според правната квалификација

Една од правните дилеми што адвокатката Ивана Коцевска ја отвори во интервјуто во „Претрес“ кај Ландов се однесува на начинот на кој обвинението го квалификува уредувањето на објектот „Пулс“. Според неа, во
Go toTop