Демонстрации во Франција петта ноќ по ред: Продолжуваат судирите меѓу полицијата и демонстрантите

July 2, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – И во саботата вечер, петта ноќ по ред, Франција е поприште на протести поради полициското убиство на 17-годишно момче, а во повеќе градови избија нереди и судири меѓу полицијата и демонстрантите, вклучувајќи и групи на екстремната десница, известува Анадолу.

Снимките објавени на социјалните мрежи ги прикажуваат демонстрантите како палат возила и предизвикуваат пожари на разни локации низ Париз.

Демонстрантите испалуваа пиротехнички средства кон полицијата во Париз, палејќи ги барикадите во популарната населба Барб.

За спроведување на редот во Франција синоќа буле ангажирани 45.000 полицајци и припадници на жандармеријата, а полицијата повторно ја евакуираше култната авенија Шанзелизе во Париз.

Судирите меѓу полицијата и демонстрантите се водени во тесните улици во кои полицијата се обидуваше да спречи грабеж и вандализам.

Премиерката на Франција, Елизабет Борн, го посети кризниот центар во Париз, кој делува во рамките на Министерството за внатрешни работи.

„Дојдов тука да им ја потврдам својата целосна поддршка и поддршката на мојата влада. Вечерва 45.000 полицајци и припадници на жандармеријата, заедно со илјадници пожарникари, мобилизирани се да го штитат и одржуваат јавниот ред“, порача Борн.

Видеоснимките на социјалните мрежи прикажуваат хаотични сцени што се одвиваат во различни градови, меѓу кои се и Париз, Марсеј, Лион, Стразбур и Ница.

Во Стразбур, Рен и Венисје, маскирани демонстранти ја гаѓале полицијата со пиротехнички средства.

Марсеј исто така беше сведок на големи нереди, а полицијата наводно испалувала гумени куршуми со цел да ги сузбие протестите. Демонстрантите упаднале во продавница за автомобили и избегале со неколку возила, додека двајца полицајци се повредени од пиротехнички средства.

Францускиот телевизиски канал BFMTV објави дека неколку градоначалници побарале дополнителна помош од Владата за воспоставување на редот.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, изјави дека 427 лица се приведени низ Франција.

Од друга страна, локалните медиуми известуваат дека на улиците низ Франција излегле и екстремни десничарски групи и маскирани извеле напади врз демонстрантите во Анже и Шамбери.

Франција ја потресуваат протести откако Нахел М., по потекло од Африка, беше убиен од страна на полицијата вечерта на 27 јуни во париското предградие Нантер, бидејќи не запрел поради сообраќаен прекршок.

Приведени се близу 2.000 лица, додека повеќе од 200 полицајци се повредени од почетокот на протестите.

Обвинителството на Франција објави дека полицаецот кој го убил тинејџерот е обвинет за убиство со намера и сместен е во истражен затвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен напаѓачот кој пукаше во Сисак

Следно

Канцеларот Шолц: Расизмот е реалност во Германија

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop