Иако помирна, и петтата ноќ од немирите во Франција помина тензично – уапсени над 700 демонстранти

July 2, 2023
1 min read

Иако силното полициско присуство во главниот град делумно ги одврати демонстрантите, властите соопштија дека напаѓачи со автомобил упаднале во домот на градоначалникот на париското предградие Леј-ле-Роуз. Во нападот се повредени сопругата и едно од децата на градоначалникот Винсент Жанбрун. Тој обвини дека нападот бил обид за убиство, а полицијата започна истрага за случајот

Немирите во Франција, кои избија по убиството на 17-годишниот Нахел М. од страна на полицијата, продолжија петта ноќ по ред. Синоќа, исто како во петокот, на улиците ширум Франција беа распоредени околу 45 илјади полицајци кои требаше да се справат со нередите.

Сепак, се чини дека петтата ноќ од немирите помина помирно во однос на претходните. Француското Министерство за внатрешни работи во официјално соопштение информира дека синоќа се уапсени 719 лица, што е помалку во однос на апсењата пред два дена, кога беа приведени над 1 100 демонстранти.

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Во полициското соопштение се додава дека во текот на ноќта се повредени 45 полицајци, додека 74 згради, вклучувајќи 26 полициски станици се оштетени, а 577 возила се опожарени.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен на својот профил на Твитер ја пофали полицијата за „одличната акција што доведе до помирна ноќ“.

Сепак, иако помирна, и вчерашната вечер помина со низа немири. Најголемите судири се случија во јужниот град Марсеј, каде што полицијата употреби солзавец за да ја контролира толпата. Таму се извршени 56 апсења.

Иако силното полициско присуство во главниот град делумно ги одврати демонстрантите, властите соопштија дека синоќа напаѓачи со автомобил упаднале во домот на градоначалникот на париското предградие Леј-ле-Роуз.

Нападот се случил во 01:30 часот (23:30 по Гринич), кога градоначалникот на предградието бил во својата канцеларија, а неговата сопруга и двете деца спиеле внатре во куќата. Едно од децата и сопругата на градоначалникот се здобиле со повреди во моментот кога обиделе да побегнат, јавува Би-би-си.

Градоначалникот на париското предгради Леј-ле-Роуз, Винсент Жанбрун, објави дека демонстрантите ја нападнале неговата куќа и обвини дека нападот бил обид за убиство, а полицијата започна истрага за случајот.

Немирите ширум Франција почнаа по убиството на 17-годишното момче Нахел М. од страна на полицијата. Неговата смрт ги разгоре долготрајните поплаки од сиромашните и расно мешаните урбани заедници за полициското насилство и расизмот.

Телото на убиеното момче вчера беше погребано на локалните гробишта во париското предградие Нантер. Погребот помина мирно и тивко, а пристуни беа едиствено семејството и пријателите на тинејџерот.

Поради тензиите кои ја зафатија земјата, претседателот Емануел Макрон ја одложи својата официјална посета на Германија која требаше да биде прва на француски претседател по 23 години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внатрепартиски избори во ДУИ

Следно

Откривање на Македонија: Скриен скапоцен камен на Балканот

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop