63 лица приведени на насилните протести во Белгија

July 1, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Бројката на приведени малолетници на демонстрациите во Брисел се зголеми на 63 вчера, откако протестите предизвикани од убиството на малолетник во Франција се проширија и во Белгија, пренесува Анадолу.

По судирот на демонстрантите и полицијата во областа Анесанс приведени се 48 малолетници.

На демонстрациите во четвртокот вечер во центарот на Брисел демонстрантите ги кршеа прозорците на автобуските станици и палеа возила.

Протест е одржан и во Лимонје, што предизвика затворање на метро станицата.

Франција од вторникот ја потресуваат протести по смртта на Нахел М., кого полицијата го уби во вторникот вечер во париското предградие Нантер, бидејќи не запрел поради сообраќаен прекршок.

Обвинителството на Франција објави дека полицаецот кој го убил тинејџерот е обвинет за убиство со намера и сместен е во истражен затвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Има луѓе во ВМРО ДПМНЕ кои ја сфаќаат состојбата и нема да играат на картата на бугарските радикали

Следно

Четвртата ноќ на протестите во Франција приведени повеќе од 1.300 лица

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop