Француската полиција приведе речиси 1.000 лица, меѓу нив и 13-годишници

July 1, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин, изјави дека речиси 1.000 лица се приведени на протестите што следуваа по смртта на 17-годишниот Нахел М., а меѓу нив имало и 13-годишни деца, пренесува Анадолу.

Дарманин, како гостин на францускиот телевизиски канал TF1, вчера изјави дека просечната старост на приведените изнесува 17 години.

Тој истакна дека синоќа низ Франција се распоредени 45.000 припадници на полицијата и жандармеријата и додаде дека на терен ќе има и оклопни возила и хеликоптери.

Министерот Дарманин посочи дека француската власт ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за да спречи четврта „ноќ на насилства“.

Францускиот министер истакна дека тагата предизвикана со смртта на момчето е легитимна, но дека не ги оправдува „превирањата“.

Тој повторно ги повика родителите да не им дозволуваат на своите деца да учествуваат во нередите, и нагласи дека ќе биде тужен секој кој ги користи социјалните мрежи за вршење насилство.

Министерот рече дека очекува од социјалните мрежи Снепчет и Тикток да ги дадат имињата на поединците кои ги користеле нивните услуги за организирање насилства, за да можат истите тие лица да се процесуираат.

Франција од вторникот ја потресуваат протести по смртта на Нахел М., кого полицијата го уби во вторникот вечер во париското предградие Нантер, бидејќи не запрел поради сообраќаен прекршок.

Обвинителството на Франција објави дека полицаецот кој го убил тинејџерот е обвинет за убиство со намера и сместен е во истражен затвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

УЕФА донесе одлука за настап на Барселона во европските натпреварувања

Следно

Повеќе од 1 100 уапсени во серијата немири во Франција

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без
Go toTop