Француската премиерка: Сите опции, вклучително и вонредна состојба, ќе се разгледаат за да се врати редот

June 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Сите опции, вклучително и воведување вонредна состојба, ќе бидат разгледани за да се воспостави ред и мир по третата ноќ протести поради фаталното застрелување на 17-годишник од страна на полицијата, изјави денес француската премиерка Елизабет Борн, јавува Анадолу.

Борн за новинарите изјави дека Владата ќе ги разгледа „сите опции“ заедно со претседателот Емануел Макрон, кој ќе одржи итен состанок попладне.

Претходно, весникот „Фигаро“ објави дека францускиот претседател е подготвен да усвои мерки за враќање на законот и редот „без табу“. Се наведува дека Макрон заминал порано од самитот на ЕУ во Брисел за да се врати во Париз.

Претседателот се очекува да биде брифиран од премиерката Борн и министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин за препораките за справување со ситуацијата што настана по смртта на Нахел М., кој беше смртно застрелан од полицијата во вторникот во париското предградие Нантер затоа што не запрел поради сообраќаен прекршок, велат обвинителите.

Обвинителството истакна дека полицаецот кој го застрела тинејџерот се товари за самоволно убиство и ставен е во истражен притвор.

Оттогаш, над 800 лица се приведени низ цела Франција, и пријавени се судири меѓу демонстрантите и полицијата во многу градови, меѓу кои и Париз, Бордо, Лион, Рубе, Марсеј и Лил.

Демонстрантите запалија повеќе објекти и вандализираа јавен имот, а одредени предградија и гратчиња во Парискиот Регион воведоа и полициски час.

Сите региони во Франција се зафатени со протести, а на видеата на социјалните мрежи се гледа и како демонстрантите ограбуваат продавници и уништуваат ресторани.

Цел беа и јавните згради, меѓу кои и училиштата, а најмалку десетина автобуси на јавниот превоз се запалени и изгорени во Парискиот Регион.

Оштетени се 942 објекти, 2.000 возила се запалени, а во текот на ноќта избувнаа 3.880 пожари, соопшти Макрон, кој беше цитиран од „Фигаро“.

Борн во претходен твит ги опиша актите на насилство како „неподносливи и неоправдани“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата привела 875 лица, од кои 408 во Парискиот Регион. За време на судирите беа повредени и 249 полицајци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Феникс“: Груевски, Ставрески, Тодоровиќ, Аларова осомничени во истрагата за „Воинот на коњ“ и 10 други споменици од „Скопје 2014“

Следно

Mëlçia e dhjamosur “sëmundja e heshtur” që ka nevojë për zgjidhje natyrale?

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop