Истражување во Велика Британија: Сè поголем број полицајци во Лондон немаат доволно пари за храна

June 30, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Околу 27 отсто од полицајците во Лондон пропуштаат оброци, додека 8 отсто посетуваат банка за храна поради зголемените трошоци, покажува новото истражување, јавува Анадолу.

Истражувањето, спроведено од Метфренд, финансиска служба за Метрополитенската полиција, овој февруари и март, вели дека повеќето полицајци се во полоша состојба отколку пред шест месеци.

Процентот на испитаници што имаат финансиски проблеми се зголемил од 74 отсто на 86 отсто во август 2022 година, според анкетата во која се испрашани околу 3.200 полициски службеници и персонал.

Процентот на испитаниците што пропуштиле оброци минатата година, поради недостиг на пари, е зголемен од 22 отсто на 27 отсто, додека пристапот до банката за храна се зголемил од 6 отсто на 8 отсто.

Во меѓувреме, 75 отсто од испитаниците полицајци мислат дека нивната финансиска состојба ќе се влоши и ќе биде многу полоша во следните 12 месеци.

„Во однос на активностите што испитаниците ги прават за да врзат крај со крај: 60 отсто од испитаниците работат повеќе прекувремена работа за да врзат крај со крај, 26 отсто работат втора работа, 40 отсто продаваат имот, 37 отсто размислуваат да ја сменат работата “, покажуваат резултатите.

Истражувањето, исто така, откри дека влијанието на зголемените трошоци за домување, без разлика дали станува збор за хипотека или кирија, се споменуваат почесто отколку во претходните истражувања.

Полицајците и персоналот пристигнуваат на работа гладни, под стрес и загрижени за идната финансиска состојба на нивното семејство, се додава.

– „Храната во моментов е луксуз“ –

„Сега сум во позиција кога мора да работам прекувремена работа за да можам да си дозволам какви било ‘додатоци’, се борам да штедам. Не треба да живеам за да работам и сметам дека е неправедно што полицијата назадува во зголемувањето на платите“, рече еден од испитаниците, цитиран во истражувањето.

Друг полицаец истакна: „Севкупното зголемување на сметките за бензин, струја и други трошоци за домаќинството наметна огромен притисок врз нашите финансии. Треба да избирам помеѓу купување храна и плаќање сметки. Избирам да бидат платени сите сметки, храната во моментов е луксуз.“

„По данокот, киријата, сметките итн., ми остануваат околу 300 фунти месечно за живот. Тоа мора да ја покрие целата моја храна, патување, дружење и едноставно тоа не е доволно, особено ако се земе предвид работата што ја работам.“

„Не можам целосно да платам за чување на децата и во неколку ситуации немам јадено бидејќи приоритет е да ги нахранам моите деца. Затоа што повеќе би сакал моите деца да јадат и да се хранат добро и би прескокнал неколку оброци за тоа.“

Комесарот Марк Роули рече: „Не е во ред полицајците, луѓето на кои општеството им се обраќа кога има најголема потреба, самите да ги посетуваат банките за храна, да влегуваат во неодржливи долгови и да избираат да не јадат за да можат да си ги платат сметките.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќамил Ковачи нов в.д директор на ЈП Улици и патишта 30.6.2023

Следно

Уапсен тренерот на ПСЖ

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop