(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тодор Петров, Ристовски од ИНТЕГРА, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на собирот на МПЦ-ОА, Мицкоски вели да можел и тој би одел

June 29, 2023
1 min read

Пратеници и градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, Љупчо Ристовски – лидер на конзервативната политичка партија ИНТЕГРА, универзитетскиот професор во пензија и епидемиолог Драган Даниловски, се дел од јавните личности кои попладнево се појавија на протестниот собир на МПЦ-ОА во Соборниот храм во Скопје.

Најавениот собир започна во 18 часот со изведба на молитвата „Оче наш“, а на бината, освен поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан и членовите на Синодот, присутни беа бискупот на Католичката црква во Македонија, Киро Стојанов и академик Катица Ќулавкова.

Собирот беше масовен, а присутните носеа знамиња со ѕвездата од Кутлеш, икони, крстови и транспаренти.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Канал 5 изјави дека тоа што партиски членови и пратеници се присутни на настанот во Соборниот храм говори за ставот на партијата, но и за неговиот личен став.

„Таму ќе видите многу луѓе кои се препознатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Она што можев да го видам е дека голем дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се таму, голем број членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се таму и тоа говори за ставот на ВМРО-ДПМНЕ и за мојот личен став. Да не бев на ова денешно интервју, и јас ќе бев таму со моето семејство“,

рече Мицкоски за протестниот собир.

Мицкоски вечерва гостува на ТВ Канал 5

Во однос на двата предлог-закона, тој посочи дека неговата партија нема да ги поддржи во Собранието.

„Јас секогаш сум човек застапник за родова еднаквост, не треба да се врши дискриминација за маж и жена, но ова е сосема друго“,

рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Под мотото „Имаме должност“, МПЦ-ОА вечерва одржа сенароден собир во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција за кои, како што велат од црквата, се сериозна закана за општеството.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин започна чистка во војската

Следно

(ВИДЕО) За г.г. Стефан, несреќни се законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Latest from Blog

Кина е подготвена да соработува со Русија за надминување на тензиите на Блискиот Исток

Ванг, кој е и член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, го кажа ова во телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров. Кинескиот министер за надворешни работи смета дека клучот

Владина реконструкција во мај или јуни

Да се стрпиме неколку недели или месеци и додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на

Овиедо ја доби битката на дното на Примера

Со голот на Винас, тимот на Овиедо ибаку последнопласиран на табелата во Примера направи подвиг на свој терен и ја совлада Севиља со минимални 1:0. Голот беше постигнат во 32. минута, а
Go toTop