Курти претстави чекори за деескалација на ситуацијата во северниот дел на Косово

June 29, 2023
1 min read

Во видео порака Курти претставува четири чекори за деескалација на ситуацијата во северниот дел од земјата, но во својот предлог има барања и кон Србија која треба да ги исполни

Косовскиот премиер Албин Курти, во видео објавено непосредно пред почетокот на самитот на ЕУ, претстави четири чекори за деескалација на ситуацијата во северниот дел од државата. Во видео порака на англиски јазик, Курти нагласува дека тие „четири чекори“ ги претставил на последната средба во Брисел.

Тој тврди дека Приштина е подготвена да придонесе за деескалација и да се заложи за конкретни чекори во таа насока.

Како прв чекор тој наведува дека Приштина е подготвена да се заложи за намалување на присуството на косовската полиција во општинските згради и нивната околина, како што наведе, „постепено и пропорционално со намалувањето на насилството“.

Вториот чекор што го презентира Курти е целосен пристап до судските процеси на сторителите на насилство и следење на процесот од страна на ЕУЛЕКС и заинтересираните невладини организации за човекови права.

Како трет чекор, тој ги споменува предвремените избори во четири општини на северот на Република Косово, кои би се одржале по петицијата за отповикување поддржана од најмалку 20 отсто од гласачкото тело. Откако ќе потврди дека се исполнети условите, датумот на изборите ќе го одреди претседателот.

Како четврти чекор Курти наведува дека четворицата градоначалници на северот на Република Косово ќе ги предадат своите овластувања на новите градоначалници по верификацијата од ЦИК, во согласност со законодавството на Косово.

Курти во својот предлог за деескалација има барања и кон Србија. Од Белград очекува четири чекори, од кои првиот е повлекување, како што наведува, на „насилните демонстранти“ од општинските згради и околината.

Како втор чекор што го очекува од Белград, Курти ја нагласува посветеноста на соработка во судските постапки против сторителите, со мониторинг од ЕУЛЕКС и целосни гаранции за правично судење. 

Трет чекор што Курти го очекува од Белград е да ја намали подготвеноста на вооружените сили на ниско ниво, без нови распоредувања на војници и отстранување на 48 оперативни бази.

Исто така, Курти бара од официјален Белград да не се меша во „правото на граѓаните од српска националност и на сите политички партии слободно да учествуваат на изборите“.

Курти додава дека Белград и Приштина мора да се обврзат целосно да ги почитуваат правилата на Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес и усогласеноста со законодавството на ЕУ за регионална слободна трговија во согласност со постигнатите договори.

Тој наведува и дека Приштина е посветена на интензивен дијалог за целосно, безусловно, избалансирано и правилно спроведување на Основниот договор и Анексот за имплементација.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Што точно порача германскиот канцелар Шолц синоќа во Берлин 

Следно

Начо Фернандез нов капитен на Реал Мадрид

Latest from Blog

Запалена викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Пандов

Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата, истакна Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции, откако денес беше запален

ВИДЕО: Запалена куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов

Запалена е куќата во скопско Зелениково на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Како што вели, ова е цената за удирање по мафијата. „Ова е данокот за нашата борба

Запален домот на Пандов: Ова нема да ме запре, напротив, ќе ме зајакне

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи сподели видео од неговиот запален дом во Орешани. „Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации?

Мицкоски: Мојата нација направи значителни жртви и реформи, цврсто посветена на нашиот европски пат

Европскиот проект ветува еднаквост, правичност и можности – но, понекогаш, ние доживуваме поинаква реалност. Нашиот народ, гордите македонски граѓани кои ги претставувам, од прва рака ја почувствуваа тежината на двојните стандарди. Мојата
Go toTop