Ердоган: „Ќе го научиме Западот дека навредувањето на светињите на муслиманите не е слобода на мислење“

June 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – „Ќе го научиме Западот дека навредувањето на светињите на муслиманите не е слобода на мислење“, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи го вчерашното палење на примерок од Куранот во Шведска, јавува Анадолу.

Ердоган присуствуваше на прославата на Курбан бајрам со членовите на Партијата за правда и развојот (АК Партија) во Истанбул и зборуваше за актуелните настани. Меѓу другото, тој го коментираше вчерашниот инцидент на палење на примерок од Куранот во Стокхолм, главниот град на Шведска.

„Оние кои го прават ова злосторство, кои го дозволуваат под превезот на слободата на мислата, кои замижуваат пред оваа подлост, нема да ги постигнат своите цели. Ќе реагираме најостро додека не се започне решителна борба против терористичките организации и непријателите на исламот“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека е неопходно да се знае дека Туркије никогаш нема да подлегне на политиката на провокација или на политиката на закани.

„На крајот ќе ги научиме западните споменици на ароганцијата дека навредувањето на светињите на муслиманите не е слобода на мислење“, заклучи Ердоган.

Вчера, лице идентификувано како Салван Момика, по потекло од Ирак, запали копија од Куранот под полициска заштита пред џамија во Стокхолм.

Шведскиот апелационен суд на 12 јуни ја потврди одлуката на понискиот суд за поништување на забраната за палење на Куранот, пресудувајќи дека полицијата немала правна основа да спречи два протести за палење на Куранот претходно оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пад од три места на ФИФА листата за македонската репрезентација

Следно

Покрената истрага против францускиот полицаец што уби тинејџер

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата
Go toTop