Руски медиуми: Генералот Суровикин е приведен поради бунтот на „Вагнер“

June 29, 2023
1 min read

Суровикин, наречен Генерал Армагедон од руските медиуми поради неговата наводна немилосрдност, е ветеран од руските војни во Чеченија и Сирија, кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин

По најавената чистка на воените службеници по краткотрајниот бунт на платеничките сили на „Вагнер“, руските власти, наводно, го уапсиле генералот Сергеј Суровикин, заменик-командант на руските воени операции во Украина, пренесуваат весникот „Москва тајмс“ и еден руски воен блогер.

Суровикин, наречен Генерал Армагедон од руските медиуми поради неговата наводна немилосрдност, е ветеран од руските војни во Чеченија и Сирија, кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Цитирајќи два извори блиски до руското Министерство за одбрана, онлајн весникот на руски јазик „Москва тајмс“ објави дека Суровикин бил уапсен затоа што, како што наведува еден од неименуваните извори, „застанал на страната на шефот на ‘Вагнер’, Евгениј Пригожин за време на бунтот“.

Рускиот воен блогер Владимир Романов, исто така, извести за апсењето на Суровикин, пренесува според „Москва тајмс“, додека вашингтонскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ИСВ) објави друг руски извор кој тврди дека воените „соработници“ на Суровикин биле „обвинети за соучесништво во бунт“.

Руското Министерство за одбрана сè уште не ги коментира извештаите за приведувањето на Суровикин, пишува весникот.

ИСВ во средата објави дека истакната руски воен блог утврдил дека во тек е чистка од големи размери на руската воена команда по обидот на силите на „Вагнер“ да влезат во Москва и да ги уапсат највисоките воени лидери на земјата.

„Ако руските власти го уапсат Суровикин, тогаш Кремљ најверојатно ќе ги искористи Суровикин и неговите соработници како жртвени јагниња за јавно да објасни зошто руската војска и апаратите за внатрешна безбедност лошо реагираа на бунтот и да ја оправдаат потенцијалната ревизија на руското воено раководство. ИСВ не може да потврди ниту една од овие шпекулации за командни промени во овој момент, но јасно е дека вооружениот бунт продолжува да има значителни последици во информативниот простор“,

напиша ИСВ.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Првите делови од подморницата „Титан“ се извлечени на брегот, на нив се пронајдени човечки остатоци

Следно

Смешна понуда од Саудиска Арабија: Само 300.000 евра за Енис Барди, Трабзон веднаш ги одби

Latest from Blog

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници

Николоски: Следува најголемата реформа во Железницата, потпишан грант со Светска банка

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на

Николоски: Следува набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,
Go toTop